Модриот патлиџан се одгледува претежно како рана или средно рана култура и тоа главно преку расад.
Техниката на производство на расад е иста како кај пиперките и доматот. За рано производство сеидбата се извршува кон средината на февруари. Се сее 1-2 грама семе по 1 m² топла леа. Особено важно е во леите да се одржува умерена влажност на земјиштето со нешто посилно проветрување.
Младите растенија не поднесуваат ноќни падови на температурите под 5-6 ºC, па поради тоа неопходно е леата добро да се заштити. Расадот се пикира на средината на март, кај растенијата добива два постојани листови, во нови топли леи. Најдобар расад се добива со пикирање во саксии.
Модриот патлиџан се расадува на половината на мај, кога добро ќе затопли. За подоцнежно производство на оваа култура сеидбата се извршува кон крајот на март во млака леа.

За сеидба на модар патлиџан треба да изберете рамни терени со слабо наклонување кон југ, заштитени од ветришта. Обработката на земјиштето почнува во есен со длабоко орање, кога ќе се расфрли и заора арското ѓубре (20-40 т/хa) i 2/3 фосфор и калиум. Во пролет кога се извршува површинска обработка на земјиштето се внесува 1/3 фосфор и калиум, како и ½ азот.
Пред расадување, со маркер се обележуваат редовите или се формираат бразди кои подоцна служат за наводнување. Растенијата се садат на растојание од 70 см меѓу редови и 40 см во ред. За поголем расад потребно е да се копаат дупки, додека за расад со умерена бујност се практикува садење со садилка. На големи површини може успешно да се примени расадување по машински пат.
Наводнување
Расадените растенија би требало веднаш да се наводнат. Примањето на растенијата е доста бавно и за тоа време не би требало да се вршат други работи освен подсадување на празните места. После тоа посевот според потребата се копа и се наводнува. Во просечни услови потребно е околу 5-6 окопувања и ист број на наводнувања.
Прихрана
Во текот на вегетацијата потребно е 3-4 пати да се прихрани посевот. Првото прихранување се изведува после расадување, другото при првото копање, третото во време на масовно цветање и четврто пред втората берба, секогаш со 200 кг/хa KAN.

Берба
Бербата се извршува кога плодовите достигнуваат типично сортно обележје – форма, големина, боја и сјај. Првите плодови од раните посеви стигнуваат во првата половина на јули. Бербата се врши со сечење на рачките со остар нож. Плодоносот трае до првите есенски мразови.
Приносите значително варираат во зависност од сортата, климатските услови и примената на агротехника. Добрите услови на нега даваат принос од 30-50 т/ха.
Споделете го и вие со нас вашето искуство за одгледување модар патлиџан.

Која е Причината за опѓање на цветовите на модриот патлиџан.Благодарам.