Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се работи интензивно на пробивање на патот кон село Герман, село Дренак отсечено петти ден
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Се работи интензивно на пробивање на патот кон село Герман, село Дренак отсечено петти ден
Рурален Развој

Се работи интензивно на пробивање на патот кон село Герман, село Дренак отсечено петти ден

Објавено 06/02/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Повеќе од половина од трасата на регионалниот пат Ранковце-село Герман е пробиена, а екипите на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патни правци, секција Крива Паланка веќе втор ден интензивно го пробиваат овој правец.

Како што информира раководителот на секцијата Боби Димитровски, се работи во екстремно лоши услови, висината на снежната покривка е околу осумдесетина сантиметри, а силниот ветар континуирано прави навеви на патот, високи и над еден метар.

-Овој патен правец е планински, работиме интензивно, условите се отежнати, но веќе успешно е расчистен поголем дел од трасата. Машините се стасани до село П’клиште, очекувам дека до крајот на денот ќе биде пробиен и расчистен целиот пат. Инаку, сите останати регионални патни правци, кон повисоките села: Огут, Луке, се проодни, а чист е целосно магистралниот пат А2, рече Димитровски.

Градоначалникот на Општина Ранковце, Борче Спасовски, информира дека селото е отсечено втор ден, а лошите временски услови ја отежнуваат работата на екипите за расчистување.

Вкупно шеснаесет ученици кои учат во селото денеска не се на настава бидејќи ниту наставниците не можеа да доспеат до своите работни места.

-Селото Дренак во Крива Паланка е остечено уште од четврток, по паѓањето на снегот, но овој патен правец што го поврзува селото и осуммината жители што живеат на 40- тина километри од градот, е локален,но и земјен пат, така што, истиот не може да се расчисти и речиси секоја зима е неминовна невоља што ги снаоѓа мештаните, велат од Подрачната единица на ЦУК, Крива Паланка.

Пепица Давитковска, жителка на селото, рече дека нејзиниот сопруг е во селото и информира дека снежната покривка е околу четириесетина сантиметри.
Таа со своите деца е во градот, дечињата редовно се сместени во општинскиот ученички дом, од каде одат на настава, а престојуваат од понеделник до петок. Но таа има изнајмено стан под кирија и ги прифаќа за време на викендите, прва зима, бидејќи досега тие не можеле да одат дома за викенд и по неколку месеци за време на зимскиот период, па биле приморани да остануваат кај роднини или соседи во градот.

Што се однесува до останатите села, и Нерав е отсечено веќе трет ден, а за зимско одржување на овој локален пат задолжени се екипите на Јавното претпријатие Комуналец од Крива Паланка кои, според директорот Миле Марковски,на терен се и вчера и денеска.

-Екипите и механизација се на терен, се расчистува, но станува збор за лоша конфигурацијата на теренот, заледени површини и многу потешки се условите за работа. И нашите вработени прават напори за расчистување во што пократок рок, но вчера помагаа и мештаните, информира Марковски.
Информира дека во текот на изминатите 24 часа од страна на екипи на ЈП Комуналец расчистени се локалните патишта кон селата: Подржикоњ, Странци, денес интензивно се работи на расчистување на патните правци кон село Дурачка Река, Метов и кон Трново.

МИА

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Шест грла говеда од Крива Паланка залутале во Бугарија, локалниот проблем стана меѓународен
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
Таг:Германкрива паланка
Претходен напис Што значи кога семето за сеење е обоено во одредена боја?
Следен напис (ВИДЕО) Зошто да се употребува пепел во производство на овошје и зеленчук?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?