Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се предвидува цената на барел нафта да се искачи до 120 долари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Се предвидува цената на барел нафта да се искачи до 120 долари
Агровести

Се предвидува цената на барел нафта да се искачи до 120 долари

Објавено 03/11/2021
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Референтната меѓународна цена на нафтата Брент ќе достигне 120 долари за барел до крајот на јуни 2022 година, се наведува во анализата на Банка на Америка (Bank of America BofA).

Катализатор за зголемената прогноза за цените на нафтата според БофА е актуелната светска енергетска криза, поради која цените на суровата нафта, јагленот, природниот гас и течниот природен гас (ЛНГ) нагло пораснаа поради нарушената рамнотежа меѓу понудата и побарувачката.

Пред само еден месец, БофА предвиде дека нафтата може да достигне 100 долари за барел во следните шест месеци, во случај зимата да биде постудена од вообичаеното. Тогаш се проценуваше дека ниските температури ќе бидат главен двигател на цените на светските енергетски пазари.

БофА сега наведува дека закрепнувањето на глобалната побарувачка на нафта ќе продолжи да ја надминува понудата во следната 1,5 година, што ќе резултира со пад на резервите и ќе подготви терен за пораст на цените на „црното злато“.

Организацијата на земјите извознички на нафта и нејзините сојузници, групата ОПЕК плус утре повторно ќе проценат дали дополнително да го зголемат производството.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:нафта
Претходен напис Зголемен водостојот на Дојранското Езеро
Следен напис Се зголемува недостатокот од маслодајна репка во ЕУ и покрај зголеменото производство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?