Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се прави едноставно, а благодетите се многубројни – Како да направите масло од кантарион
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Се прави едноставно, а благодетите се многубројни – Како да направите масло од кантарион
Магазин

Се прави едноставно, а благодетите се многубројни – Како да направите масло од кантарион

Објавено 30/06/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За овој рецепт може кратко да се каже – ред билки, ред маслиново масло и капка трпеливост. Сето тоа надополнето со една прошетка во ливада, чист воздух, малку берење и сето тоа ставено во тегла. Искусните домаќинки секогаш го правеле, а вeројатно сите сме се нашле во ситуација кога за нешто, некој ни го препорачал.

Уште од дамнешно време се верувало дека маслото од кантарион делува како природен антибиотик. Се користи и за масажи, а лековито делува и на желудникот.

Какао да направите домашно кантарионово масло?

Рецептот за домашно кантарионово масло се пренесувал од генерација на генерација. Тоа се прави многу едноставно. Жолтите кантарионови цветови со карактеристичен мирис, се берат и три четвртини од теглата се полнаи со нив, а потоа, ако е можно, врз него се става домашно маслиново масло, а може и некое друго. После тоа, теглата се затвора со капак и се остава на сонце 45 дена. Кога маслото добива специфична црвеникава боја, се филтрира преку газа, се става во шишиња и се чува на темно место.

Вака подготвеното масло, може да стои две години. Важно е цветовите да бидат собрани што е можно подалеку од патиштата. Тие се собираат од јуни до август, а понекогаш и подолго.

Антибиотик кој потекнува од природата

Маслото од кантарион не се користи за сончање, но ако во текот на сончањето се појават изгореници, може да се користи како прва помош во олеснување на непријатноста. Значително помага при изгореници, исекотини, чиреви, акни, лузни, хемороиди, проширени вени, но и ревматизам, воспаление на нервите и мускулите. Постои популарно верување дека кантарионот, исто така, помага при таканаречените женски проблеми, како што се воспаление на јајниците и појава на цисти, но помага и во регулирање на хормоните. Веќе долго време се верува дека маслото од кантарион делува како антибактериски лек од билната аптека. Исто така се користи за масажи, а има и корисен ефект за стомакот.

Еден стар рецепт вели: Капнете неколку капки масло од кантарион на коцка шеќер и ставете ја во устата.

Кантарионот често се спомнува како природен и здрав лек за депресија. Конзумирањето неколку капки, исто така, помага при вознемиреност.

И чајот од кантарион има лековито дејство

Сепак, посебно место зазема чајот, кој има корисен ефект врз нарушувањата на расположението во менопауза, депресија, несоница, менструална болка, но и при многу други заболувања. Чајот од сув кантарион најдобро е да се пие наутро пред јадење и навечер пред спиење. Важно е да се напомене, дека овие препораки се дадени од народот, а модерната медицина има различни правила. Сепак, многумина бараат помош во природата, а кантарионот високо котира на таа скала.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Кох од гриз
Таг:кантарионмасло
Претходен напис Брз и едноставен трик како да ги исчистите семките од лубеницата за само две минути?
Следен напис Совети за посвеж дом во лето
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?