Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се отвори Академија за извршни менаџери под покровителство на Макпрогрес, ЕБОР Лондон и Владата на Јапонија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Се отвори Академија за извршни менаџери под покровителство на Макпрогрес, ЕБОР Лондон и Владата на Јапонија
Агровести

Се отвори Академија за извршни менаџери под покровителство на Макпрогрес, ЕБОР Лондон и Владата на Јапонија

Објавено 07/07/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со големо задоволство Ви го најавуваме формирањето на Академијата за Извршни Менаџери во Виница, под покровителство на компанијата МАКПРОГРЕС, ЕБОР Лондон и Владата на Јапонија. Академијата за Извршни Менаџери е дел од Фондацијата ПРОГРЕСИВ АКАДЕМИЈА Виница основана од МАКПРОГРЕС чија визија е развој на вештини преку квалитетни едукативни програми, унапредување на техничките знаења, акцелераторски програми и активности за истражување и развој. Академијата за Извршни менаџери има за цел да овозможи развој на бизнис лидери преку користење на најновите светски трендови и знаења од областа на менаџментот.

На официјалното отварање беа присутни претставници од ЕБОР, дваесетина извршни менаџери како и инструкторите кои се дел од програмата.

„Преку нашето долгогодишното работење и соработка со други компании, увидовме дека како на домашните така и на странските компании им недостигаат кадри обучени за извршни позиции. Оваа потреба е исто така евидентна кај голем број на семејни бизниси, особено во процесот на нивна трансформација во компании водени од професионален менаџмент.“ – изјави Глигор Цветанов, генерален директор на МАКПРОГРЕС и Претседател на Фондација „Прогресив Академија“.

„Нашата цел e да го поддржиме формирањето на првата сертифицирана обука за извршни менаџери и среќни сме што процесот на верификација на едукативната програма е во тек. Очекуваме врвни таленти да се приклучат кон првата обука во септември и заеднички да ја направиме оваа приказна успешен пример за земјата и регионот.“ – изјави Анди Аранитаси, претставник на резидентната канцеларија на ЕБОР во Скопје.

Консултантската компанија PrimePoint Partners од Македонија ја води целосната имплементација на Академијата за Извршни менаџери.

„Нашите предавачи се успешни професионалци со богато академско знаење и искуство. Програмата ќе опфати интерактивни предавања, симулации, видни гости говорници, алатки за личен развој и наставни модули според последните светски трендови неопходни за водење бизнис на глобално ниво.“, додаде Билјана Марковиќ Стаменова, Директор на PrimePoint Partners и Академски директор на Академијата за Извршни Менаџери.

Уписот во Академијата е отворен за сите кои се стремат да достигнат високи позиции во својата кариера и да ги развијат своите менаџерски вештини. Програмата во времетраење од 9 месеци ќе започне од септември 2021. Повеќе информации за Академијата за Извршни менаџери, како теми, предавачи, критериуми за упис, итн., можете да најдете на овој линк.

Извор: inovativnost.mk

Може да ви се допадне

Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Резултатите за водата во Гостивар ќе бидат објавени откога ќе одобри Обвинителството
Таг:академија
Претходен напис Се преговара за повлекување на концесионерите за хидроцентрали на Шар Планина
Следен напис Времето денеска сончево и многу топло, температурата до 40 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?