Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се отвораат 14 пункта, почнува откупот на вишокот тутун
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Се отвораат 14 пункта, почнува откупот на вишокот тутун
Агровести

Се отвораат 14 пункта, почнува откупот на вишокот тутун

Објавено 17/03/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вкупно 14 пунктови за откуп на вишокот тутун треба да бидат отворени денеска. На едниот од нив, во Црнилиште, ќе присуствува и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа.

Како што изјави за МИА претседателот на Сојузот на тутунските здруженија, Менде Стомнароски, денеска ќе бидат отворени 10 пунктови на Тутунскиот комбинат Прилеп, три на „Секе“ и еден на „Кавекс Балкан“ во Неготино, а утре се очекува да профункционираат и вагите на „Сокотаб“ и „Алијанса“.

-Откупот на вишокот треба да почне денеска. Ако сите фирми отворат, тутунот може да се преземе целосно. Но, за три дена не може со отворени десет ваги. Доколку се презема на 20 пункта со дневна динамика од по 100 тони, би требало да се откупи до 31 март како што е предвидено со законските измени – рече Стомнароски.

Министерот Хоџа завчера изјави дека со добра организација, за три дена можат да се откупат вишоците тутун кои изнесуваат околу 1.500 тони.

-Дневната динамика на откупот е околу 400 до 500 тони и поради тоа верувам дека за три дена може да се откупи вишокот. Работата е само да се воспостави добар систем. Убеден сум дека проблемот ќе го решиме и очекувам тоа да биде на најбезболен начин, со учество на сите откупувачи – рече Хоџа.

Според него, од реколтата 2020/21 договорени количини за откуп имаше 23.000 тони, но досега се преземени 25.300 што е околу два милиона килограми повеќе.

Откупот на договорените количини заврши со просечна цена од 165 денари, а сега, за вишокот, велат тутунарите, допрва ќе се види зависно од квалитетот на тоа што е останато.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:тутунХоџа
Претходен напис По долгиот период на раст, цените на житарките во опаѓање
Следен напис Нов снежен бран го зафати Пијанечко-малешевскиот регион
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?