Се одржа втората серија на работилници од ЕДП процесот во рамки на креирање на Стратегијата за паметна специјализација, во областите: „Информатичко комуникациска технологија“ и „Паметно земјоделство и прехранбена индустрија со повисока додадена вредност“. Целта на работилниците беше подготовка на заедничка визија за секоја од областите и дефинирање на стратешки цели и насоки според кои треба да се водат политиките и мерките за поддршка од страна на државата. Политиките и мерките детално ќе се дискутираат и дефинираат на третата серија на работилници.

Настаните се одржаа во хибриден формат, физички во просториите на Центарот за трансфер на технологии и иновации, Inno-FEIT (https://inno.feit.ukim.edu.mk/) при Факултет за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ и на Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје, а со онлајн присуство преку платформата Zoom. На работилниците активно учество и придонес во дискусијата дадоа околу 120 претставници од бизнис секторот, академијата, владините институции, граѓанскиот сектор и донаторската заедница.

Процесот на подготовка на Стратегијата за паметна специјализација е координиран од Министерство за економија/Ministria e Ekonomisë/Ministry of Economy и Министерство за образование и наука/Ministria e Arsimit dhe e Shkencës, а под покровителство на вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, г. Фатмир Битиќи. Во процесот активно се вклучени релеватните државни инстутиции за соодветната област како Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Програмата Increasing Market Employability – IME во соработка со World Bank Republic of North Macedonia и GIZ North Macedonia го поддржуваат процесот на изработка на Стратегијата како клучен документ кој ќе ги дефинира областите и насоките за иновации, истражување и развој. CHinMK


