Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Освен во Македонија и Албанија, Србија одобри извоз на пченица и пченка и во Италија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Освен во Македонија и Албанија, Србија одобри извоз на пченица и пченка и во Италија
Агровести

Освен во Македонија и Албанија, Србија одобри извоз на пченица и пченка и во Италија

Објавено 01/04/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На седницата на Владата на Србија усвоен е Заклучок со кој се одобрува извоз на меркантилна пченица и меркантилна пченка на правни лица кои ги извезуваат овие производи во Италија, врз основа на договори склучени пред влегувањето во сила на Одлуката за привремена забрана за извоз на основните земјоделско-прехранбени производи, пренесува Agroklub.rs.

Владата на Србија проценила дека извозот на меркантилна пченица нема да предизвика нарушувања во функционирањето на земјоделскиот и прехранбениот сектор на земјата и нема да ја загрози прехранбената безбедност на населението, но ќе придонесе за градење доверба и одржување добри трговски односи во регионот.

Досега е одобрен извоз на пченица и пченка во Албанија и на сите основни прехранбени житарки и прехранбени производи за Македонија. Причината за првичната забрана беше да се реагира навремено на пазарните нарушувања и растот на побарувачката, како на светскиот, така и на домашниот пазар.

Според најавите од БиХ, државниот министер за надворешна трговија и економски односи Саша Косарац треба да го посети Белград, по повод разговорите за увоз на житарки од Србија во БиХ. Република Српска веќе има формирано список на сите потребни производи – пченка, пченица и други артикли, а се чека тоа да го направи и Федерацијата БиХ за да побараат помош од Србија.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:албанијаиталијамакедонијасрбија
Претходен напис Се одржа втората серија на работилници во областа „Паметно земјоделство и прехранбена индустрија со повисока додадена вредност“
Следен напис Влада: Од денес стартува исплатата на минималната плата од 18.000 денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?