Прв саем за агротуризам ,,Посети ја Вратница” беше организиран во центарот на Вратница. дел од тетовската рурална општина Јегуновце.
Со свои производи или услуги се претставија повеќе локални занаетчии, како производители на храна и пијалоци (сирење, тартуфи, мед, пчелни производи) јавање коњи, рачни изработки.

-Саемот е организиран со цел да ја поттикне оваа стопанска гранка во регионот и Македонија. Да ги презентира можностите за развој на оваа стопанска гранка, за која сите услови за развој на агротуризмот Македонија ги поседува. Токму затоа очекувам оваа манифестација, да стане традиционална, и да поттикне секој кој смета и може да придонесе да се равие агротуризмот – истакна Драгиша Јововски, организатор на Агросаемот.



На саемот настaпија и играорците од КУД ,,Кирил Пејчиновиќ” од Теарце.

