Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Планинско-езерскиот фестивал „Охрид-Галичица 2023“ почнува на 17 јуни
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Планинско-езерскиот фестивал „Охрид-Галичица 2023“ почнува на 17 јуни
АгровестиРурален Развој

Планинско-езерскиот фестивал „Охрид-Галичица 2023“ почнува на 17 јуни

Објавено 12/06/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Авантуристичкиот клуб „Маунтин маднес“ (Mountain madness) по четврти пат организира викенд исполнет со многу авантура, планинарење, велосипедизам, логорување, забава и уживање, соопштија организаторите.

– Фестивал на планината и езерото. Авантурата започнува во сабота на 17 јуни, со велосипедска тура околу Охридското Езеро и на локации покрај езерото.

Оваа тура се организира со цел да се одбележи денот на Охридското Езеро – 21 јуни.

Авантурата продолжува во попладневните часови со логорување во месноста „Корита“, каде што се организира камп со логорски оган и уживање со звуците на гитарата.

Главниот настан, искачување до врвот „Магаро“ ќе биде во недела, на 18 јуни, од осум часот. Акцијата започнува со стартна точка од месноста „Липова Ливада“ на 1.

600 метри надморска височина, појаснува претседателот на клубот, Мишко Танески.

Како што се истакнува во соопштението, врвовите на планината Галичица нудат неверојатен поглед кон двете езера, Охридското и Преспанското, како и кон околните планини.

– Патеката е во должина од девет километри и во времетраење од пет часа во двата правца.

По искачувањето на „Магаро“ ќе се организира забава на плажата во автокампот „Љубаништа“ со жива музика и ди-џеј, сé до зајдисонце.

Во рамките на овој фестивал, се планира и есенско искачување на „Магаро“ во септември, а датумот ќе биде дополнително објавен.

Не се пропушта можноста во ист ден да се биде на врвот на планината и да се капеш во Охридското Езеро, потенцира Жанко Голабоски од клубот.

Со оглед на тоа што фестивалот вклучува повеќе настани, од вело тура, логорување, искачување на Магаро, забава на плажа и друго, подвлекуваат од клубот, избор на учесникот е во што ќе се вклучи, а може да направи и комбинација.

– За време на акцијата за сите учесници, влезот во НП „Галичица“ ќе биде слободен. Обезбеден е автобуски превоз од Охрид до стартот и назад по симболична цена.

Секој учесник треба да поседува планинарска опрема, храна од ранец и 1,5 литар вода.

Учесниците одат на своја одговорност и за секое непочитување на маршутата и правилата поставени од организаторот, сами одговараат за последиците, пишува во соопштението.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:„Охрид-Галичица 2023“
Претходен напис Приведен дрвокрадец во Скопско при сеча на огревно дрво
Следен напис Се одржа првиот саем за агротуризам „Посети ја Вратница“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?