Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сѐ ќе биде согласно закон и транспарентно, вели Димитриеска-Кочоска за Договорот со Обединетото Кралство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Сѐ ќе биде согласно закон и транспарентно, вели Димитриеска-Кочоска за Договорот со Обединетото Кралство
Агровести

Сѐ ќе биде согласно закон и транспарентно, вели Димитриеска-Кочоска за Договорот со Обединетото Кралство

Објавено 29/05/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Граѓаните можат да бидат спокојни и сигурни дека постапката ќе биде транспаретна и дека се што нема да биде во рамки на закон, нема да биде прифатено, ниту ќе биде дел од постапката. Ова денеска го кажа министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во Собранието, одговарајќи на пратечки прашања за Договорот со Обединетото Кралство, истовремено посочувајќи дека задолжувањето и проектите што ќе се реализираат ќе бидат согласно нашите закони.  

„Имаме закони, никој не кажал дека ќе биде нешто надвор од законот“,рече таа.

Посочи и дека Договорот вели пет милијарди фунти што ќе можеме да ги користиме во рок од десет години или кога би одело годишно или би имале зрели проекти, по 500 милиони евра, тоа е повлекувањето.

„Рокот на отплата зависи од самите проекти. Физибилити студијата ќе покаже дека можеби некои проекти ќе се враќаат на 12, на 15 години“,кажа министерката во Собранието.

Пратеничката Сања Лукаревска од СДСМ ја праша министерката за финансии дали со Договорот со Велика Британија целосно ќе го суспендира Законот за јавни набавки и дали веќе се познати фирмите коишто ќе бидат ангажирани за реализација на проектите.

Дополнително бараше и одговор за тоа дали финансирањето ќе се одвива преку ОК Експорт фајнајс (UKEF), чии услови подразбираат дека минимум 30 проценти од вредноста на финансираните проекти ќе оди кај британски компании или како плаќања во Велика Британија.

„Јас не знам како работи UKEF, ја знам како функционира Законот за јавен долг и член 16 којшто вели дека ќе побараме понуди за финансирање без условување. Тоа значи ќе ни дадат понуда за каматна стапка за долг на отплата за грејс период коишто се поврзани со проектот. Законот за јавен долг не препознава условувања и тука треба да ни биде јасна работата“,рече Димитриеска Кочоска.

Секое условување, како што кажа таа, ќе значи дека таа понуда е ништовна согласно Законот за јавен долг. 

Зборувајќи за јавниот долг кажа дека во 2017 година јавниот долг беше четири милијарди 787 милиони евра, а во 2023 година бил осум милијарди и 477 милиони евра.

„Во 2021 имаме фрапантно зголемување бидејќи под тие антикризни мерки, имаше злоупотреби, имаме зголемување од фрапантни 690 милиони евра. Во 2025 година за првпат имаме намалување од 36 милиони евра. Мислам дека тоа повеќе од јасно покажува како работи Владата и Министерството за финансии“,кажа министерката.

Извор – 360степени

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:Договорзаконобединето кралствособрание
Претходен напис Нема да има девалвација на денарот – Славески: Фокус на НБРМ е поддршка на политиките на владата
Следен напис Лубеница и диња – Кои услови се неопходни за успех
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?