Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се испитува водата во Брвеница и Седларце, да не се користи за пиење до добивање на резултатите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Се испитува водата во Брвеница и Седларце, да не се користи за пиење до добивање на резултатите
Агровест

Се испитува водата во Брвеница и Седларце, да не се користи за пиење до добивање на резултатите

Објавено 29/06/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Општина Брвеница им препорача на жителите на селата Брвеница и Седларце да не ја користат водата за пиење од водоснабдителниот систем се додека не се дознаат резултатите од епидемиолошките анализи на Центарот за јавно здравје откако имало голем број поплаки до нив за појава на дијареја и повраќање.

Градоначалникот Енвер Пајазити вели дека утринава се повикани службите од Центарот за јавно здравје за да земат мостри и да испитаат во каква состојба е водата за пиење. Резултатите ќе се знаат по два дена.

-Ние како општина не може да кажеме каква е водата. Сѐ е можно и во други села има такви појави поради високи температури. Препорачавме да не се пие водата додека од Центар за јавно здравје не се добијат резултатите. Тие ќе утврдат точно каква е состојбата на водата – информира Пајазити.

Градоначалникот рече дека во неделата имало дефект во водоснабдителниот систем.

– Изгоре пумпа на бунар, беше ставена нова пумпа во текот на денот. Во општина Брвеница имаме 10 бунари од кои водата се зема со пумпи од длабочина до 40 метри. Изворска вода немаме – истакна Пајазити.

Општинското јавно претријатие „Вардар“ информираше дека според информациите на Центарот на јавно здравје водата била соодветно хигиенски третирана со хлор.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Уапсен 66-годишник кај Брвеница – возел трактор без дозвола
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Таг:БрвеницаСедларце
Претходен напис Два поголеми пожари на обработливо земјиште во Тетовско, опожарени биле неколку површини насеани со пченица, јачмен и сува трева
Следен напис Од Република Српска вратена пратка од 19,5 тони банани од Еквадор
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?