Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сања Бачевски, инженер по хортикултура: Микробилките се суперхрана, содржат и до 40 пати повеќе нутритиенти од пораснатиот зеленчук
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Сања Бачевски, инженер по хортикултура: Микробилките се суперхрана, содржат и до 40 пати повеќе нутритиенти од пораснатиот зеленчук
Магазин

Сања Бачевски, инженер по хортикултура: Микробилките се суперхрана, содржат и до 40 пати повеќе нутритиенти од пораснатиот зеленчук

Објавено 28/03/2023
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Одгледувањето на микрозеленчукот ста­ну­ва сѐ поголем тренд во светот. Тоа се всушност млади изданоци од зеленчук, а висината на билките за време на бербата е од 2,5 до 10 см, во зависност од видот. Овој млад зеленчук има интензивен вкус, се карактеризира со сочност и висока содржина на корисни материи. Мала количина микрозеленчук содржи многу витамини, минерали, влакна, амино киселини, хлорофил и белковини.
Микрозеленчукот има 4 до 40 пати повеќе хранливи материи од класичниот зеленчук и има големо влијание врз исфрлањето на отровите (пестициди, тешки метали) од организмот и зајакнување на имунитетот. Поради содржината на корисни материи и фантастичниот вкус, сè повеќе е баран во гастрономијата. Може да се одгледува само еден вид, а може и мешавина на микрозеленчуци.

Микро брокула

И во Македонија се повеќе се зголемува интересот за одгледување микрозеленчук. Агротим разговараше со Сања Бачевски, дипломиран инженер по хортикултура и мастер за заштита на растенија, која веќе подолго време е посветена на одгледувањето на микробилки.

Сања живее во Охрид, а доаѓа од Лесковац, Србија, каде што 20-на години се занимавала со хортикултура. Ја прашавме како дошла до идеја да се посвети на одгледувањето микрозеленчук.

Микро босилок

„Кога станав мајка, се обидов многу повеќе да се интересирам за здравата храна. Како и секој родител, сакав на своето дете да му го овозможам најдоброто. Кога се преселивме во Охрид, немав повеќе простор каде би можела да ја произведувам својата храна. Тогаш почнав да истражувам што е тоа што би можело да се произведе на мал простор и така дојдов до микробилките. За мене, како инженер по хортикултура со долгогодишно искуство, не беше никаков проблем да ги одгледувам. Прво почнав да ги произведувам на прозорска рамка во дневна соба, каде што има доволно светлина за раст и развој на билките. Испробав неколку видови и се решив да направам мал пластеник, во кој вертикално, на полици почнав да произведувам микробилки. Засега имам десетина различни видови.“

Микробилки се всушност зеленчуци кои ги јадеме секојдневно, но овај пат се во прва фаза на развој. Тие се поголеми од никулци, а помали од беби зеленчук. За разлика од никулците, микробилките се произведуват во супстрат (хумус, кокосови влакна.. ) и се консумира само надземниот дел од билката.

„Производството е органско, не се употребува никаква хемија и много е важно семето да е специјализирано за микробилки, органско. Зеленчук како микробилка содржи и до 40 пати повеќе нутритиенти од пораснатиот зеленчук. На пример, ако изедете 50 грама микро брокула исто како да сте изеле еден килограм порасната брокула. Поинаку ги нарекуват суперхрана, баш затоа што се толку нутритивно богати.“, објаснува Сања.

Меѓутоа, не може секој зеленчук да се произведува како микробилка. Некои зеленчуци содржат токсични материи во своите листови како на пример домат, компир, пиперка. За разлика од конвеционалното производство на зеленчуци, микробилките се произведуват во заштитени простори, вертикално, под ламби.

Микро пченка, содржи витамини А, B, C и Е , железо, калциум, калиум, фосфор и магнезиум.

Микробилките се консумираат во свеж облик, не термички обработени за да не се изгубат витамините, антиоксидансите и сите хранливи состојки кои ги има во нив. Можат да се користат скоро во секое јадење, од супи, пасти, сендвичи, месо, риба, салати… Имаат интензивен вкус и боја, па се интересни за декорација на јадењата. https://www.silvera.lt/ziedai sidabriniai ir auksiniai žiedai internetu

Леб без квасец, домашно пушено месо, микробилки и јајце

„Се повеке има заинтересирани за микробилки, како шефови на ресторани, така и приватни лица. Микробилките на секое јадење му даваат друга димензија, повисока вредност, како поради изгледот, така и нутритивно. Од скоро почнав и со производство на јадливи цвеќиња и тоа полека полека почнува да се пробива, и тие како и микробилките имат свои нутритивни својства и својот вкус. Главно работам со ресторани, ама секој кој  е заинтересиран може да ме контактира и да купи микробилки и јадливо цвеќе директно од мене. Себеси за 5 години се гледам исто овде, како жена која произведува уште много видови јадливи цвеќиња и микробилки. Имам уште некои идеи кои засега се во фаза на испитување, ама се надевам дека наскоро ќе ви бидат достапни и тие производи.“, ни откри Сања.

Виолите се извор на витамини А и Ц, антиоксиданси кои го зајакнуват имунолошки систем, помагаат во производството на колаген во кожата и заштита на клетките од оштетување нанесено од надворешни агресори на околината. Цветовите содржат и антоцијани, пигменти кои им даваат на ливчињата обоен изглед и имаат антивоспалителни и антибактериски својства, го намалуваат крвниот притисок и штитаат од болести.

Може да ви се допадне

Ладна салата со тестенини и пилешко
Полнет модар патлиџан со зеленчук
Туна салата
Трилече – мек и сочен десерт со карамел
Утринска навика која може да го зголеми ризикот од појава на деменција
Таг:микробилкимикрозеленчукСања бачевски
Претходен напис Николовски: Не може некој да се богати на грбот на земјоделците, производната цена на кромидот да биде 20 денари, а во продажба 100 денари
Следен напис Николовски: Целосно сме подготвени за имплементација на ИПАРД 3 и распишување на првиот повик
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?