Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Саемот на вино Отворен Балкан, можност за заеднички пласман на виното и храната
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > Саемот на вино Отворен Балкан, можност за заеднички пласман на виното и храната
Саеми и манифестации

Саемот на вино Отворен Балкан, можност за заеднички пласман на виното и храната

Објавено 15/08/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во пресрет на Саемот на виното Отворен Балкан (ОБ) од 1 до 4 септември во Белград што го организираат владите на Србија, Северна Македонија и Албанија, во Србија сметаат дека овој настан претставува една од првите конкретизации на идеите и стратегиите на ОБ, како и можност за заеднички пласман на пазарот на виното и храната, јави дописникот на МИА од Белград.

Министерката за трговија, туризам и телекомуникации, Татјана Матиќ, изјави дека овој настан е единствен не само поради презентацијата на винскиот гастрономски туризам, туку и поради промоцијата на туристичките дестинации на земјите од Отворен Балкан.

-Винската визија Отворен Балкан е еден од првите заеднички чекори во конкретизирање на идеите и стратегијата на „Отворен Балкан“. Оваа манифестација е резултат на заедничката работа на три земји и идеална можност не само да се позиционираат балканските вински рути на светската мапа на вински тури, туку и нашите земји подобро и полесно да се утврдат на светската мапа на атрактивни туристички дестинации, рече Матиќ.

Според соопштенеито на нејзиното министерство, таа оцени дека очекува „Wine Vision Open Balkans“, кој на првата година од одржувањето ќе собере изложувачи од регионот, но и од целиот свет, да стане традиционална манифестација и еден од неизбежните европски фестивали за гастрономија и туризам.

Целта на саемот е да се прослави врвната изработка на мајсторите во производството на најдобрите вина и да се промовира уникатен спој на вкусови и ароми кои го претставуваат духот на Балканот, неговата географија и богатството на сорти.

Првиот меѓународен саем на вино ќе им овозможи на лозарите, производителите на вино, претставниците на винариите, енолозите, сомелиерите, како и на дистрибутерите и трговците со вино од регионот и пошироко, да се соберат, вмрежуваат, споделат искуства, да се претстават пред пошироката јавност и да го прошират својот бизнис, се наведува во соопштението.

Претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС) Марко Чадеж изјави дека претстојниот меѓународен саем за вино „Винска визија ОБ“ ќе покаже дали овие три земји можат заеднички да излезат на пазарот со овој производ.

-Денес ние сме динамичен економски регион кој има добра туристичка понуда. Денеска сме регион на решенија, добри иницијативи кои можат да понудат многу, рече Чадеж во гостувањето на РТС.

Тој додаде дека една од целите на настанот е земјите членки на Отворен Балкан заеднички да излезат на пазарот и како на најдобар начин да ги понудат своите производи и да бидат добри домаќини на туристите.

Чадеж најави дека заедно со винската манифестација ќе се одржи и саем на храна, кој треба да го покаже начинот и духот на подготовката на храната на овие простори.

Може да ви се допадне

Саем на рурални домаќинства: Два дена македонски автентични вкусови – поврзување на модерното со традицијата
Влада на Србија: Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам од 22 до 25 ноември во Белград
Македонските компании за првпат учествуваат на Меѓународниот саем АДИФЕ, можност за промоција на македонските производи
Трипуновски: Продажбата на македонското вино надвор од границите на државата е зголемена
Трипуновски: Оваа година ќе учествуваат 80 наши винарии и дестилерии, 6 изложувачи на храна и ресторан со 3 готвачи
Таг:опен балканотворен балкансаем на вино
Претходен напис Во среда прскање против комарци во Дебрца
Следен напис Зголемен откупот на земјоделски производи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?