Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Саем на производи на жените производителки и земјоделки од Прилепскиот регион
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > Саем на производи на жените производителки и земјоделки од Прилепскиот регион
Саеми и манифестации

Саем на производи на жените производителки и земјоделки од Прилепскиот регион

Објавено 15/10/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со саем на производи во центарот на Прилеп кај Градскиот саат, жените земјоделки и производителки од Прилепскиот регион го одбележаа денешниот меѓународен ден на руралната жена. Организатор на саемот е здружението „Лаг Агро Лидер“ кое ја испраќа пораката за достоинствен и исплатлив труд на жените од руралните средини.

Марина Тошеска од Здружението вели дека сакаат да докажат дека руралните жени се чувари на традицијата, но потребни се интервентни мерки, финансиски и советодавни.

– Го одбележуваме Меѓународниот ден на руралната жена, 15 октомври со саем на земјоделски производи од дигиталната платформа „домашно.мк“ за продажба и промоција на секакви производи на жената од руралните средини од Пелагонискиот регион. Со изложувањето на своите производи докажуваат дека се чувари на традицијата и вредни производители. Во иднина да ја зголемиме поддршката на жените од руралните средини, жените-земјоделки да се поттикнуваат да произведуваат, но и да се вреднува нивниот труд. Се надеваме дека навистина ќе се афирмира улогата што ја имаат жените во земјоделскиот сектор. Потребни се интервентни мерки и обезбедување финансиска и советодавна поддршка за осовременување на земјоделското производство и да имаме одржливи семејни земјоделски бизниси, изјави Тошеска.

Елизабета Божиноска од здружение „Крушевска жена“ и Павлина Јованоска, производителка од Прилеп сметаат дека најголем проблем им е пласманот.

– Произведуваме сѐ од природата, во здружението сме осум жени кои вредно работиме, но ни треба од државата поддршка да може производите да ги пласираме во трговската мрежа, вели Божиноска од здружението „Крушевска жена“.

– Голем проблем е пласманот. Ќе произведеме, јас се согласувам да работам и поевтино да го продадам, но не може да обезбедиме и пласман. Имам четири тона јаболка, не можам да ги пласирам, исто и 500 килограми дуњи. Тешко е, вели Павлина Јованоска.

Гордана Цветаноска, производителка на зеленчукови и овошни производи од Мало Коњари, Прилепско, смета дека се потребни конкретни мерки за развивање и поддршка на семејните бизниси.

– Жените имаат бројни вештини и потенцијал за развој на семејните бизниси кои од мали може да прераснат во големи. Неопходни се конкретни, специфични мерки за поддршка, смета Цветаноска.

Има интерес кај младите девојки, посебно од руралните средини да ги остручат вештините, нагласуваат професорите од прилепското средно училиште „Орде Чопела“ кое развива стопанство и има производство.

Анита Галеска, професор-технолог во училиштето вели дека прекупотребно е вложувањето во стручното образование.

– Ни доаѓаат млади девојки кои веќе се запознати со работата, со производството, зашто работеле на семејните ниви, обработувале. Ние ги остручуваме, со современи средства ги учиме за да може да го почнат патот на семејниот бизнис и профитабилна работа. Потребно е вложување во стручното образование, ни изјави Галеска.

Деновиве, преку мрежата на заштита од дискриминација се побараа измени во Законот за здравствено осигурување и права за породилно отсуство за руралните жени за да ги имаат истите права како другите работнички.

МИА

Може да ви се допадне

Саем на рурални домаќинства: Два дена македонски автентични вкусови – поврзување на модерното со традицијата
Влада на Србија: Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам од 22 до 25 ноември во Белград
Македонските компании за првпат учествуваат на Меѓународниот саем АДИФЕ, можност за промоција на македонските производи
Земјоделците очекуваат продолжување на популарните мерки – „Рурална жена“, „Млад земјоделец“, грантови за нови бизниси, винарии…
„Фестивал на жетвата“ денеска и утре ќе се одржи во Општина Новаци
Таг:рурална жена
Претходен напис НФФ: Потребни се мерки и политики за економско јакнење на жените од руралните средини
Следен напис По ниските утрински температури нè очекува сончев и топол ден
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?