Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Руската авиокомпанија „Нордвинд ерлајнс“ отвора редовна авиолинија Скопје – Москва
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Руската авиокомпанија „Нордвинд ерлајнс“ отвора редовна авиолинија Скопје – Москва
Агровести

Руската авиокомпанија „Нордвинд ерлајнс“ отвора редовна авиолинија Скопје – Москва

Објавено 05/05/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Руската авиокомпанија „Нордвинд ерлајнс“ од 21 месецов ќе почне со летови од московскиот Меѓународен аеродром „Шереметјево“ до Меѓународниот аеродром „Скопје“, воспоставувајќи нова редовна директна авиолинија помеѓу Скопје и Москва, најави денеска ТАВ Македонија.

Во рамки на летниот распоред на летање, како што потенцираат, „Нордвинд“ одлучи да го прошири опсегот на директни редовни летови, со додавање на нова авиолинија до македонскиот главен град Скопје.

Првиот лет на „Нордвинд“ од Москва до Скопје е закажан за петок, 21 мај 2021 година, со време на поаѓање од Меѓународниот аеродром „Шереметјево“ во 14 часот и 45 минути и време на пристигнување на Меѓународниот аеродром „Скопје“ во 17 часот и 10 минути. Времетраењето на летот е 3 часа и 25 минути.

– Во ТАВ Македонија сме многу среќни што „Нордвинд“ одлучи да почне со летови на релација Москва-Скопје, отворајќи ја првата воздушна врска помеѓу Северна Македонија и Русија, по 20 години пауза на воздушната врска меѓу двете земји. Силно веруваме дека оваа досега неопслужена авиолинија има голем потенцијал и дека ќе биде од голема корист за бизнис-патниците и за оние кои патуваат од туристички причини – вели во пишана изјава генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак.

– „Нордвинд“ е една од најголемите авиокомпании во Русија според прометот на патници и ја има една од најразвиените мрежи на авиолинии во земјата. Базата на „Нордвинд“ е Меѓународниот аеродром „Шереметјево“ во Москва. Со флексибилни авионски билети, лесен распоред на летови и бонуси во програмите за лојалност, летовите со „Нордвинд“ ќе бидат успешен почеток за патувања на бизнис-патниците, како и оние кои сакаат да уживаат во планираниот одмор – наведуваат од ТАВ Македонија.

Повеќе информации за цените, времето на поаѓање, достапноста на местата на летовите, како и резервација и продажба на авиобилетите се достапни на веб-страницата на „Нордвинд“: https://nordwindairlines.ru/ru

– Од „Нордвинд“ објаснуваат дека сите нивни патници можат да користат дополнителни услуги за удобен лет, како што се избор на седиште во авионот, избор на оброк, земање дополнителен багаж, нова услуга – дополнително место во близина, како и други услуги преку Интернет, стои во соопштението од аеродромскиот концесионер.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:москваРусија
Претходен напис Американските фабрики се соочуваат со недостиг на работна сила
Следен напис ХЕМОМЕТАЛ: Кримлер – сетвоспремач, за што служи и каква е неговата важност за земјоделското производство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?