Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Американските фабрики се соочуваат со недостиг на работна сила
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Американските фабрики се соочуваат со недостиг на работна сила
Агровести

Американските фабрики се соочуваат со недостиг на работна сила

Објавено 05/05/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со отворањето на американската економија се зголемува и побарувачката за артикли, и поради тоа фабриките се пред голем проблем, недостиг од работна сила, јави Си-ен-ен.

Поради производствената активност во САД индустријата има потреба од половина милион работни места, а нема квалификувана и некфалификувана работна сила. Недостигот од работна сила не е нова појава, но проблемот се продлабочува и може да има последици.

Според анализите на „Дилојт“ (Deloitte) и Институтот за производство (The Manufacturing Institute) 2,1 милиони работни места во производството до 2030 година нема да се пополнат и тоа може да ја чини американската економија и до една милијарда долари до 2030 година.

Според работодавците сега е потешко да се најде квалификувана работа сила отколку во 2018 година и покрај тоа што невработеноста е многу повисока.

Повеќе од три четвртини од анкетираните изјавија дека очекуваат проблеми со вработување и задржување работници оваа година. Според анализите, една од причините е што голем број Американци не сакаат да работат во фабрики поради стравување од роботизирање на работните места.

Во анализата на „Дилојт“ се наведува дека многу работодавци се соочуваат со недостиг на неквалификувана работна сила дури и кога минималната плата е повеќе од седум долари на час. Станува збор за позиции за кои не е потребно посебно образование или специфичности. Според анализата секоја четврта жена во САД размислува да ја напушти произвдоствената индустрија и тоа може да ги засили проблемите во индустријата.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Америкафабрика
Претходен напис Во Делчево преку Источно-плански регион во 2020 реализирани проекти од над 20 милиони денари
Следен напис Руската авиокомпанија „Нордвинд ерлајнс“ отвора редовна авиолинија Скопје – Москва
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?