Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Руска долина на сирењето: На производителите им се дава земја, инфраструктура и субвенции
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Руска долина на сирењето: На производителите им се дава земја, инфраструктура и субвенции
Агровести

Руска долина на сирењето: На производителите им се дава земја, инфраструктура и субвенции

Објавено 30/03/2021
Сподели
3 мин. за читање
Interior of a cheese factory with modern equipment
Сподели
Ad imageAd image

Поголемиот дел од градежните работи на територијата каде што се реализира проектот „Сирнаја долина“ (Долина со сирењето) , во близина на Москва е завршен, а истиот треба да започне со работа во декември оваа година. Ова е најголемиот руски комплекс за производство на сирење.

Сергеј Воскресенвки, министер за земјоделство на московскиот регион, го потврди тоа во својата изјава и објасни дека комплексот е изграден во уникатен формат на кластери, според кој десетина независни производители на сирење планираат да ги здружат силите.

Се очекува дека со овој проект, рускиот регион ќе стане најголем производител на сирење.

„Денес се наоѓаме на второ место според производството на сирење, веднаш по регионот Алтај. За да ги победиме, ни требаат само 6.000 тони“, истакна министерот.

Минатата година, московскиот регион произведе 60.000 тони сирење, додека капацитетот на новиот кластер ќе биде 20.000 тони сирење и 16.000 тони сурутка годишно. Според Воскресенвки, овие бројки мора да се израмнат до крајот на 2022 година, а во иднина властите имаат намера да го зголемат производството со привлекување повеќе компании на тој кластер.

Овој проект треба да ја направи областа најголем извозник.

“Во јануари и февруари 2021 година, регионот извезе 700 тони сирење во вредност од 1,8 милиони долари, што е 39,3 проценти од вкупниот извоз на руско сирење. Тоа е втор по големина извозник на таа храна по регионот на Ростов”, истакна тој.

Сепак, се очекува „ Долината на Сирење“ првенствено да им служи на потребите на 12 милиони жители на Москва. Главниот град на оваа огромна земја, наводно, има највисоко ниво на потрошувачка на овој млечен производ по глава на жител меѓу сите руски региони.

Овој комплекс, најавуваат тие, ќе има широк спектар на производи, од кои некои недостасуваат на рускиот пазар. Властите исто така планираат да започне да работи нова лабораторија во рамките на комплексот што ќе се грижи за квалитетот, здравјето и др. Сите производи ќе носат ознака за квалитет, а меѓу другото и потврда дека се направени без палмино масло, за кое е утврдено дека се користи во фалсификување храна во последните неколку години.

Вкупните инвестициски трошоци се проценуваат на околу 28 милиони евра. Исто така, на сите членови им се доделени од еден до три хектари земја, слободен пристап до нивната инфраструктура изградена од регионалната влада и 20 проценти субвенции за капитални трошоци.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:долина на сирењетоРусијасирење
Претходен напис МЗШВ: Донесена е Одлука за одобрување на 100.000.000,00 денари, за навремена исплата на откупениот вишок на тутун од ланската реколта
Следен напис Времето денеска сончево со мала облачност и ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?