Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Русија отвора коридор за украинските бродови, преку железницата испорачана и првата пченка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Русија отвора коридор за украинските бродови, преку железницата испорачана и првата пченка
Агровести

Русија отвора коридор за украинските бродови, преку железницата испорачана и првата пченка

Објавено 26/05/2022
Сподели
2 мин. за читање
facebook
Сподели
Ad imageAd image

Русија е подготвена да обезбеди хуманитарен коридор за бродовите кои превезуваат храна од Украина, изјави вчера рускиот заменик министер за надворешни работи Андреј Руденко, пренесува Ројтерс.

Еден ден претходно тој повика на укинување на санкциите наметнати на рускиот извоз, велејќи дека тоа ќе помогне да се продолжи со испораката на житарки на светските пазари.

„Ограничувањата кои се наметнати на рускиот извоз мора да бидат укинати“, рече тој, додавајќи дека не е точно дека тие не влијаат на храната и ѓубривата, бидејќи има проблеми со плаќањето и обезбедувањето на таквите испораки, како и проблеми со пристапот на руски бродови во европски и други пристаништа, но и обратно.

„Значи, овие прашања треба да се решат на сеопфатен начин“, изјави тој за Интерфакс.

Пченката преку Германија до Египет

Во германското пристаниште вчера беше испорачан првиот товар со украинска пченка, од каде со брод ќе се транспортира до Египет. Се работи за 1.800 тони пченка, објави zdopravy.cz.

На овој начин треба да ослободат магацините во Украина за примање на новата реколта и спречување на недостигот на храна во Африка и Азија, каде што многу се користат украинските житарки.

„Ова го гледаме како помош и, во исто време, деловна можност“, рекол извршниот директор на чешкиот превозник CD Cargо, Томас Тот. Во моментов Украина не може да извезува стоки на вообичаен начин преку пристаништата на Црното Море.

„Новата жетва се приближува, а силосите во Украина се уште се полни, така што барем дел од залихите треба да се испорачаат со железница низ Европа“, рече тој, додавајќи дека се преговара за алтернативи за транспорт.

„Се решаваат различни рути и коридори. Во моментов, главно преку полските и германските пристаништа, или јужните рути низ пристаништата во Јадранското Море“, додаде тој.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:коридорпќенкаРусија
Претходен напис Шефот на Светска банка предупредува на можна глобална рецесија
Следен напис Кина бележи драстичен пад на увозот на свинско месо
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?