Во првиот квартал од 2022 година, кинеската побарувачка за месо на меѓународниот пазар значително опадна, а увозот на свинско месо е драстично намален и тоа за една третина во споредба со минатата година, наведува Агрархеуте.
Царинската управа наведува дека ваквиот развој на ситуацијата може да се припише на зголемениот степен на самодоволност и помалата побарувачка на домашниот пазар, бидејќи населението морало да ги почитува строгите мерки против пандемијата на ковид-19.
Увозот на месо и нуспроизводи е намален за 958.000 тони од јануари до март 2021 година, на 1,67 милиони тони, што е тренд на намалување од 36,5 отсто.
Зголемување на домашното производство
Кинеската потрошувачка се намалила за 1,88 милијарди евра. Поради високите цени увозот бил помал за 23,2 отсто. Количините купени во странство се намалени за половина во однос на првиот квартал од 2021 година на околу 690.000 тони. Увозот на свежа и замрзната стока е намален за речиси две третини на 420.000 тони.
Но, споредено со истиот квартал лани, домашното производство на свинско месо е зголемено за 14 отсто.
Сите добавувачи го почувствувале падот на побарувачката. Извозот од САД е намален за 56 отсто и во првиот квартал од 2022 година изнесувал 101.900 тони свинско месо, додека Европската Унија забележала пад од 61 отсто на 242.300 тони. Слично претрпеле и бразилските извозници, при што испораките паднале за 35 отсто на 118.600 тони од јануари до април во однос на истиот период минатата година, пренесува Агроклуб.
