Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Русија и Аргентина воведуваат ограничувања за извозот на пченица и пченка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Русија и Аргентина воведуваат ограничувања за извозот на пченица и пченка
Агровести

Русија и Аргентина воведуваат ограничувања за извозот на пченица и пченка

Објавено 22/12/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Залихите на пченица во Русија, која е најголемиот светски извозник на оваа житарка, се намалуваат. Затоа е воведена извозна квота од 8 милиони тони. Имено, Москва е загрижена за растот на домашните цени и се обидува да го обезбеди сопствениот пазар.

Во 2021 година немаше посебни ограничувања за извозот, а планираната квота за периодот од 15 февруари до 30 јуни 2022 година изнесува 11 милиони тони житарки, вклучително и 8 милиони тони пченица, пишува Ројтерс. Првично беше планирано таа количина да биде 9 милиони тони.

Нејзиниот извоз од таа земја е намален за 37,5 отсто од почетокот на маркетиншката сезона 2021/22, поради пониските приноси и извозниот данок кој ќе се зголеми на 91 долар за тон од 22 декември.

Тамошното Министерство за земјоделство во ноември објави дека Русија може да ја промени формулата што ја користи за пресметување на квотата во случај глобалните цени да се зголемат на 400 долари за тон, според Блумберг. Во случај на поскапување, ќе има итно прилагодување на извозот за заштита на домашниот пазар.

И Аргентина воведува ограничувања

Аргентинската влада на 17 декември годинава објави дека ќе воведе квота за извоз на пченка и пченица во маркетиншката година 2021/22, за да се спречи недостигот на домашниот пазар поради поскапувањето на храната. Според World-Grain, тие го ограничуваат извозот на пченка на 41,6 милиони тони, а на пченица на 12,5 милиони тони.

Оваа земја е примарен извозник на пченица во јужноамериканските земји и втор најголем извозник на пченка во светот. Во оваа маркетиншка година извезла 39,8 милиони тони пченка и 11,2 милиони тони пченица. Покрај тоа, Аргентина воведе и ограничување на извозот на говедско месо.

Сојузното министерство за земјоделство (ФАС) предвидува дека земјата ќе постигне рекордно високо производство на пченка од 54 милиони тони и пченица од 20 милиони тони во периодот 2021-2022 година.

Добра прогноза за Русија

Поради добрата состојба на пченицата во Русија се предвидува приносот за следната година да биде од 80 до 81 милиони тони, пренесува Агрархеуте. Минатата година изнесуваше 74,5 милиони тони.

Добрата состојба на зимските посеви сугерира дека приносот во 2022 година може да биде 61,25 милиони тони, што е значително повеќе од 55,12 милиони тони од 2021 година.

Површините за пролетната пченица, која ќе се сее напролет ќе бидат помали, но се очекуваат приноси од 19,94 милиони тони.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:аргентинапченицапченкаРусија
Претходен напис Времето денеска ведро и студено
Следен напис Карфиол – неверојатно хранлив, а содржи толку малку калории
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?