За карфиолот треба да се мисли само позитивно, особено ако се борите со килограмите, бидејќи е исклучително хранлив и содржи минимален број калории. 100 грама карфиол има само 25 калории!
Количината на витамин Ц во карфиолот е неверојатна, бидејќи 100 грама карфиол му обезбедуваат на телото 80% од потребната дневна доза. Важна состојка е фолната киселина (витамин Б), која е клучна за спречување на многу болести.
Важна карактеристика на карфиолот е тоа што успева во различни климатски услови, што го овозможува неговото присуство во текот на целата година.
Во светот се одгледуваат три вида карфиол: бел, зелен и виолетов. Најпродавана сорта е белиот карфиол, додека другите послабо се користат. Може да се користи и суров (свеж, неварен), но најдобро е кратко да се вари на пареа бидејќи овој начин на подготовка најдобро ги зачувува корисните материи што ги содржи.

Голем број домаќинства го одгледуваат ова растение, бидејќи не треба многу грижа, а е многу профитабилно. Затоа што брзо се распаѓа, карфиолот најдобро се користи целосно свеж, веднаш по берењето, но може да се чува неколку дена, доколку е заштитен со најлонски кеси и се чува во фрижидер.
Поради големото количество витамини, карфиолот се смета за една од најздравите намирници. Дејствува превентивно на срцевите заболувања, како и на развојот на ревматски заболувања и мултиплекс склероза. Карфиолот е одличен детоксикатор, па помага во исфрлање на штетните материи од организмот. Одлично е за оние со имунолошки проблеми бидејќи го подобрува целиот телесен систем. Се смета за еден од природните начини за спречување на ракот, иако тоа сè уште не е целосно докажано.
