Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Русија ги забрани холандските додатоци во храната за животни – на повидок е огромна штета за сточарството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Русија ги забрани холандските додатоци во храната за животни – на повидок е огромна штета за сточарството
АгровестиПазариСточарско производство

Русија ги забрани холандските додатоци во храната за животни – на повидок е огромна штета за сточарството

Објавено 12/09/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Руското ветеринарно друштво, „Rosselkhoznadzor”, во јули, го забрани увозот на сите додатоци за добиточна храна од Холандија, откако со рутинска инспекција беа откриени остатоци од ГМО во производите испорачани во компаниите “Vobra Diervoeders Loosbroek” i “P. C. van Tuijl Kesteren”.

Во соопштението понатаму се појаснува дека руските и холандските ветеринарни служби користат различни методи за откривање на ГМО, што значи дека увезените производи не можат да се сметаат за безбедни, пишува allaboutfeed.

Забранет е важен додаток во храната за телиња

Русија увезува скоро 90% од адитивите за добиточната  храна, а многу вакви производи доаѓаат од Холандија.

„Ако проблемот не се реши брзо, тоа може да и наштети на сточарската индустрија бидејќи земјоделците се лишени од многу потребни производи“, изјави руската компанија Mustang Feeding Technologies , која произведува адитиви за добиточна храна.

На пример, забраната го запре увозот на производот Лакто Енергија. Станува збор за додаток на добиточна храна за млечните крави, кој заеднички го развија Мустанг и холандската компанија „Дависион“. Производот е наменет да го стимулира метаболизмот и да го намали ризикот од кетоза. Исто така ја зголемува содржината на протеини во млекото и ја подобрува енергетската рамнотежа. Има сладок вкус, што ја зголемува допадливоста на храната.

“Овој додаток е едно од основните средства за одржување на здравјето и продуктивноста на животните. Неговото дејство има за цел да го компензира енергетскиот дефицит кај телењето, што е крајно тешко да се постигне со други средства“, соопшти компанијата Мустанг.

“Единствената алтернатива е таканаречениот напреден вид на диета, кој има сериозни недостатоци бидејќи хранењето животни над нормата доведува до неповратни последици и влијае на нивното здравје и ефикасност на производството. Таквиот начин може да предизвика субклинички и клинички форми на ацидоза и кетоза, за кои е потребен дополнителен третман“, додаваат тие.

Забраната исто така го запре увозот на некои органски киселини кои се користат како замена за антибиотиците.

Забранети се дури 108 додатоци на храната

„108 додатоци на храната со докажана ефикасност и безбедност се забранети, а ги користат многу руски компании“, изјави Сергеј Микнујик, претседател на Руската национална унија за добиточна храна (НФУ), додавајќи дека забраната е неоснована.

„Едноставно е погрешно да се забрани увоз од добавувачите од целата земја, кога само кај производите од неколку компании ги имаа овие остатоци од ГМО“, истакна Микнујик.

Тој исто така вели дека некои сложени адитиви во храната не можат да се заменат, бидејќи тоа  ќе придонесе за  одредени загуби во сточарството. Во врска со ова, НФУ во моментов подготвува официјален апел до „ Rosselkhoznadzor “ за да ја повика владината агенција да повлече одредени неоправдани ограничувања.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:адитиви во сточарствотододатоци во сточната храназабранет увоз од ХоландијасточарствоХоалндија
Претходен напис Млад градинар, одгледува џиновски зеленчук што руши светски рекорди
Следен напис И понатаму стабилно, суво и топло време – детали
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?