Млад градинар од Германија постави светски рекорд со најголема глобална разновидност на огромен зеленчук кој го одгледува во својата градина, пишува bild.de.
На својот Фејсбук профил, Патрик Тајхман се пофали дека постави рекорд откако во својата градина собра 33 различни видови зеленчуци, вклучувајќи огромно цвекло, кромид, домати, моркови, тиквички и ротквица.
Победникот не ја крие среќата и гордоста
„Светскиот рекорд е најголемата работа што може да му се случи на еден одгледувач на џиновски зеленчук“, напиша пресреќниот Тајхман.
„Секогаш ќе се гордеам со тоа“, додаде тој.
Успехот на овој 28-годишен германец го потврди и Олаф Кученбекер, главен судија во Германскиот институт за рекорди (Rekord-Institut für Deutschland), кој му додели признание со кое овој градинар се пофали на Фејсбук.
Натпреварувачите мораа да произведат најмалку 30 различни видови џиновски зеленчуци за да се квалификуваат, а Тајхман успеа да произведе дури 33, иако студената пролет уништи дел од неговиот принос.
Откри и некои тајни за одгледувањето, како што се нега на растенијата со бебешка пудра, шумливи таблети магнезиум растворени во водата за наводнување, покривање на тиквите со ладна крпа за време на жешките денови и слично.
Извор:Агроклуб