
Руското министерство одлучи да ја намали квотата за извоз на житарки за периодот од април до јуни 2020 година. Во тие месеци ќе може да се извезе вкупно 7 милиони тони, известува Devdiscourse.
Ако ја одобри владата, ова амерка би ги опфатила главните видови житарки како што се пченица, рж, јачмен и пченка. Од министерството наведуваат дека така би ја осигурале стабилноста на домашниот пазар на храна за време на пандемијата.
Најголем извозник на пченица на светот
Русија е најголем светски извозник на пченица, а воглавно ја извезува на Блискиот Исток, Африка и Азија. Во периодот од јули до декември 2019 извезила 25,2 милиона тона пченица, рж, јачмен и пченка.
Помеѓу 1 јануари и 26 март тој извоз изнесувал 7,2 милиона тони. До крајот на годината, како што тврдат од министерството, родот на житарки, ако не го уништи моменталната состојба би требало да изнесува 118 милиони тони а извозот во маркетиншката сезона 2019/2020 ќе достигне до 45 милиони тони.
Производството на пченица последните години порасна во Русија среде поголемите инвестиции во земјоделското производство со што се сака да се анулира негативниот ефект на санкциите на западот, воведени во 2014 година после анексијата на украинскиот полуостров Крим.
Во 2018 година е извезена пченица повеќе од која било земја некогаш и тоа во количина од 36,6 милиони тони а од министерството проценуваат дека производството до 2035 година ќе се зголеми на 150,3 милиони тони.
Извор: Агроклуб
Напишете коментар