Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Правите залихи, а дали знаете колку има рок на траење храната?


Побарувачката  во продавниците  за прехранбени артикли и средставата за  хигиена  е зголемено  во последниов период , особено после прогласувањето на пандемијата на корона вирусот.

Во синџирот на снабдување има доволно од се и тоа за повеќе месеци и нема потреба за претерано купување по продавниците и супермаркетите и создавање на дополнителни и претерани залихи.

Но, ако сепак сте подлегнале на психичкиот притисок  и планирате и самите да се впуштите во создавање на домашни резерви, бидете рационални и практични. На крајот на краиштата, трошете ги парите на нешто што има одреден рок на траење, додека истовремено ситуацијата и не мора да потрае.

Освен тоа, никој нема да умре ако нема доволно од омилениот бисквит, грисини, сок или слични производи. Дури, во време на вирусот треба да се зајакне имунитетот па подобро е да обезбедите  доволна количина на здрава храна.

Ако веќе сте се одлучиле да направете одредени залихи, нека бидат тоа намирници со подолг рок на траење. Освен тоа, кога тоа го можете, одлучете се да биде домашно и уште подобро од локалните производители на храна.

Оризот може да трае и до 30 години

Оризот е еден од тие производи. Сјајниот бел ориз, ако добро е херметички затворен и оставен на ладно, може да трае и до 30 години. Рокот на траење на кафеавиот ориз е 12 месеци.

Гравот, леќата, сланутокот исто така имаат долг рок на траење. На пример гравот, херметички затворен во голема стаклена тегла може да трае скоро неограничено. Мешунките се полни со протеини и се добра замена за месото, исто така можете да ги замрзнете.  

Солта како минерал може да трае вечно, но чувајте го во добро затворен сад за да избегнете навлегување на влага. Во тоа ќе помогнат и неколку зрна ориз кои ќе го спречат згрутчувањето.

Слично е и со шеќерот, на него не се појавуваат бактерии поради ниската содржина на влага.

Рокот на тарење на медот е до три години. Чувајте го на студено и темно место.

Мастите се подложни на расипување, растителното и маслиновото масло траат до две години но во темна и ладна просторија бидејќи инаку стануваат горчливи.

Оревите и семките на темно и ладнно место можете да ги чувате и до една година а замрзнати и до две години.

Кога е во прашање конзервираната храна, секако проверете го нејзиниот рок на траење ако сте во можност, подобро бирајте ја онаа во стаклени тегли.

Oбратете внимание на препорачаниот рок на траење

Брашното е подложно на расипување но ако го складирате на суво, темно и ладно место, и ако нема  штетници како што се молците, може да трае до 12 месеци.

Сувомеснатите производи имаат подолг рок на траење, а зависи од учеството на маснотиите и водата. Секако проверете што пишува на амбалажата. Подобро купувајте цели пакувања и сечете по потреба. Овие производи можете и да ги замрзнете без страв дека ќе ја изгубат нутритивната вредност и структура.

Маслата како што се сусамово и слично, се многу чувствително и после отворањето држете ги во фрижидер додека во замрзнувач може да траат до девет месеци. Сирењата имаат пократок рок на траење а колку се потврди,  толку подолго може да траат. По потреба може и да ги замрзнете.

Кога е во прашање млекото проверете го рокот на траење на амбалажата. Неотворено може да го чувате на темепература до 24 степени а после отворањето во фрижидер до три дена.

Внимавајте со јајцата и месото

Со јајцата бидете внимателни. Вообичаен рок на траење им е еден месец. После тоа губат на вредноста, секогаш термички обработете ги. Јајцата можете да ги замрзнете, но не во лушпа.

Свежото месо потребно е да се потроши во рокот кој е назначен на амбалажата, односно во рок од три дена од купувањето. Секако, можете и да го замрзнете но во тој случај распоредете го на оброци – замрзнувајте количини кои ќе ви бидат потребни за еден оброк. Месото во замрзнувач може да стои до 6 месеци, а после тоа ги губи нутритивните вредности.

Свежиот зеленчук може да трае и до две недели ако го чувате спакован во кеси, во фрижидер, освен компирот и доматите кои треба да ги чувате на темно и студено место. Замрзнатиот зеленчук воглавно има рок на траење до 12 месеци.

Слична е ситуацијата со овошјето, во фрижидер ќе му го продолжите рокот на траење освен кога се во прашање бананите. Нив не е препорачливо да ги чувате во фрижидер.

Месните преработки кои содржат поголема количина на вода, како што е паризерот, варената шунка, свинскиот врат и слично имаат краток рок на траење. За нив не е препорачливо да се замрзнуваат бидејќи тогаш водата во нив се кристализира и ја губат структурата.

Кај замрзнувањето на намирници добро затворајте ги во кеси  или садови за да не го примат мирисот на другата храна во фрижидерот.

Апр 3, 2020agrotim2
Кои ќе бидат последиците што корона вирусот ќе ги направи врз земјоделството во светот?Русија ги намалува квотите на извоз на жито?

Напишете коментар Откажи одговор

03/04/2020 СоветиПрехрамбени артикли, Резерви од храна, Рок на траење, храна467

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019