Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Драги рурални жени, ви благодариме за сè што правите за нас!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Драги рурални жени, ви благодариме за сè што правите за нас!
Агровест

Драги рурални жени, ви благодариме за сè што правите за нас!

Објавено 15/10/2020
Сподели
5 мин. за читање
Female in protective mask supervising growth of tomatoes plants in garden
Сподели
Ad imageAd image

Се будат рано пред зори, одгледуваат зеленчук и расад, собираат лековити растенија, одгледуваат кози, прават сирење, ракија, ликери, џемови, зимница, носители се на земјоделски стопанства, покрај сето ова возат трактор, прават вино, пишуваат проекти и ги реализираат… Сето ова влегува во активностите на речиси сите рурални жени.

Секоја селска жена, е посветена на земјоделското стопанство, работи многу , од утро до вечер, а истовремено се грижи и за семејството, особено за децата, можеби и за своите постари родители , а сите овие предизвици кои ги носи секојдневито, оваа година се надополнети со предизвикот на корона вирусот.

Жените на првата линија во борбата со пандемијата

Токму КОВИД 19 е тема на овогодинешниот Меѓународен ден на руралните жени, кој се одбележува денес на 15 октомври, а за прв пат беше востановен во ОН 1995 година.

Жените и девојките во руралните области се оние кои играат клучна улога во земјоделството и безбедноста на храната, што е особено важно за време на пандемијата. Но, во исто време, квалитетот на нивниот живот се влошува. Пристапот до здравствени услуги, основните лекови и вакцини е под знак прашалник.

„Многу жени кои живеат на село страдаат од изолација, како и од ширење на дезинформации и недостаток на пристап до важни технологии што би ја олеснале  нивната работа и нивниот приватен живот“, се вели во соопштението на ООН, а посебно се нагласува дека и покрај се жените се на напрвата линија во борбата со пандемијата па дури и во услови на блокада се зголемија нивните домашни работи.

Без оглед на се, тие се подготвени да остават сè настрана и да и помогнат на својата заедница. Примери за кои ООН пишува се  милиони рурални жени во земјите од третиот свет, Индија, Кина, Сенегал, Мали кои се организираа во групи за самопомош и шиеја маски, правеа средства за дезинфекција на рацете, но обезбедуваа и свежа храна преку заеднички кујни и информации за текот на пандемијата.

Сигурно многу вакви примери има и кај нас.

И во штала и на фејсбук

 Секое време со себе носи нови предизвици. Технологијата во земјоделството ги прави сите работни места многу полесни, и за мажите и за жените. Пред повеќе од 30 години кравите се молзеа рачно и тоа дава пати на ден. Денес, поголемите фарми имаат простории за молзење и друга опрема што им ја олеснува работата. Но, има и поголеми побарувања на пазарот, потребно е повеќе време кое производителот треба да го помине во комуникација со клиенти, исполнување на нивните желби иизнаоѓање начини како да ги достигне.  Многу добро знаеме дека повеќето од овие работи за кои е потребно време и концентрација ги вршат жени.

Затоа, работите треба да се поделат што е можно повеќе за да се избегнат  ситуациите да жените работат цел ден – од штала, преку ручек, грижа за деца, до фотографирање производи за Фејсбук…

Во полоша состојба од своите машки колеги

Покрај тоа, треба да се има предвид дека жените и девојките во руралните области страдаат непропорционално од повеќедимензионална сиромаштија. Иако екстремната сиромаштија е намалена на глобално ниво, милијарда луѓе во светот, кои сè уште живеат во неприфатливи услови, се главно концентрирани во руралните области.

Жените земјоделки можат да бидат исто толку продуктивни и во претприемаштвото, како и нивните машки колеги, но според изјавата на ООН, тие претежно имаат помалку пристап до земјиште, кредити, пазари и синџири на храна со високи вредности.

 Особено е тешко за оние чии сопрузи се принудени да работат во странство, а тие со остатокот од семејството се оставени да се грижат за сè.

 Затоа, не само на овој ден, треба да се потсети дека жените во руралните области и во земјоделството треба да бидат еднакви на мажите во нивните права, и дека нивниот квалитет на живот, од здравствена заштита, преку образование до пристап до информации, мора да биде еднаков на оние во урбаните средини.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Официјално се означи почетокот на проектот „Имплементација на мерките за организација и уредување на земјоделските пазари“
Таг:ООНпандемијапредизвицирурална жена
Претходен напис Онлајн дискусија по повод Меѓународниот ден на руралната жена
Следен напис Доаѓаат нови врнежи од дожд – детали
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?