Во склоп на редовните активности на проектот Empowering women for NTFP’s development of Prespa, во подршка на здружението РЖП (Рурални Жени на Преспа), минатата недела беше извршен мониторинг на засадениот планински чај и тоа на три локации: Крани, Стење и Царев Двор.
Чајот одлично напредува и покрај минусните температури , исчистен од плевели, соодветно наводнуван.
Проектот Empowering women for NTFP’s development of Prespa, се имплемнтира од страна на организацијата CNVP, со финансиска поддршка од PONT. Проектот има за цел да ги зголеми внатрешните капацитети на организацијата Рурални Жени на Преспа, за користење на био производите и недрвните шумски производи од регионот на Преспа за угостителски активности.




