Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: РСБСП со апел: Внимателно и одговорно зад воланот за време на празниците!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > РСБСП со апел: Внимателно и одговорно зад воланот за време на празниците!
Агровести

РСБСП со апел: Внимателно и одговорно зад воланот за време на празниците!

Објавено 29/04/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пред нас се денови на празници, неработни денови и продолжен викенд кој најчесто се користи за патување, излети во природа и дружење со семејството и пријателите.

Пандемијата со Covid 19, забраната за собирање во поголеми групи, препораките за социјална дистанца и делумното ограничување на движењето, и оваа година ќе остават своја трага и ќе влијаат на тоа како ќе се прослават велигденските и првомајските празници.

Голем дел од граѓаните ќе останат во своите домови, а еден дел секако ќе ја искористат оваа празнична можност да отпатуваат во викенд куќи, во планина, на езеро,…. Секако дека оваа ситуација е добредојдена и препорачена во овие моменти, но РСБСП потсетува дека искуствата од минатите години покажуваат дека за време на поразници, особено за време на продолжен викенд многу често се случуваат сообраќајни незгоди со сериозни и фатални последици.

И покрај тоа што голем дел од граѓаните чувствуваат одреден немир, потреба за поголема слобода, итн. поради мерките кои се преземаат за заштита од вирусот Ковид 19, РСБСП потсетува дека сообраќајот не е место каде што треба да се троши вишокот на адреналин и аперлира да се задржи здравиот разум и одговорноста и максимално да се почитуваат сообраќајните правила и прописи од страна на сите учесници во сообраќајот.

Последиците и загубите од сообраќајните незгоди се премногу сериозни, фатални, трајни и ненадоместливи за да може било кој да си дозволи неодговорно учество во сообраќајот. Бидете одговорни учесници во сообраќајот и на тој начин ќе придонесете доброто празнично расположение да остане, да биде присутно и да продолжи и после празниците.

Во сообраќајот нема мали и големи грешки. Секое непочитување на сообраќајните правила и прописи може да заврши со сериозни и фатални последици затоа :

• возете одговорно и почитувајте ги сообраќајните правила и прописи

• почитувајте ја поставената сообраќајна сигнализација,

• не управувајте со моторно возило ако сте под дејство на алкохол,

• почитувајте ги правилата за ограничување на брзината

• задолжително ставете појас

Безбедното одвивање на сообраќајот зависи од сите нас поединечно, од нашите лични одлуки и дејствија кои ги преземаме. Затоа, мислете на време за потоа да не се каете за последиците. Бидете одговорни учесници во сообраќајот. Внимателното и одговорно учество во сообраќајот, внимателното возење е основен предуслов за безбедни празнични денови.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ви посакува весели и безбедни велигденски и првомајски празници.

ВОЗИОДГОВОРНО!

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:велигден
Претходен напис Миланка и Дејан во еден ден калемат и до 1.500 садници на лубеница
Следен напис Бачовски: Исплатени близу 412 милиони денари субвенции за земјоделците
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?