Британските медиуми пишуваат дека португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо кој неодамна се префрли во редовите на Манчестер јунајтед, по само 23 дена од вселувањето во новата куќа (вредна 6 милиони евра) во Манчестер, се преселил во двојно поевтина вила, а причината за неговиот потег се овци.

Како што пренесува британски „Сан“ во близина на имотот на Роналдо се наоѓало државно земјиште на кое секое утро имало стадо овци кои го буделе со своето блеење, а наводно им пречеле и на другите членови на неговото семејство.

„Иако имотот е преубав и се наоѓа меѓу полиња и шума, во близината има стадо овци кои се многу бучни рано наутро. Роналдо е вистински професионалец на кого му е потребен квалитетен одмор, па заклучи дека најдобро е да се преселат“, информира добро упатен извор за медиумите, иако Роналдо негира дека овците се причината за преселбата.

