Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: РКЕ: 120.000 домаќинства можат да имаат струја со централите од обновливи извори на енерија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > РКЕ: 120.000 домаќинства можат да имаат струја со централите од обновливи извори на енерија
Агровести

РКЕ: 120.000 домаќинства можат да имаат струја со централите од обновливи извори на енерија

Објавено 06/08/2023
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Новите централи за производство на електрична енергија од обновливи извори што се изградени во последните 19 месеци, може да ги задоволат потребите за струја на близу 120.000 домаќинства, информираат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Во периодот од јануари 2022 година заклучно со јули 2023 година РКЕ има издадено лиценци на вкупно 605 централи со вкупна инсталирана моќност од 316,4 мегавати.

– Со овој нов инсталиран капацитет што е ставен во функција во последната година и седум месеци, може да се задоволат потребите за електрична енергија на домаќинства со просечна потрошувачка од 14 градови од земјава: Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка, Свети Николе, Ресен, Дојран, Дебар, Виница, Струга, Неготино, Гевгелија и Велес. Станува збор за чиста зелена енергија од Сонце, ветер, вода и биогас, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Во 2022 година, како што пишува во соопштението, РКЕ има издадено лиценци на 267 централи со инсталирана моќност од 152,2 мегавати, додека од почетокот на годината 2023 до крајот на јули, 338 централи со инсталирана капацитет од 164,2 мегавати се имаат стекнато со лиценци. 

Може да ви се допадне

ФАО: Здравата храна е поскапа во Европа поради субвенциите на ЕУ за земјоделството
Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар
До 13 часот регистрирани шест пожари на отворен простор, активен е еден, а четири се под контрола
Паметен расадник во Струга – Хоџа: Иновациите и знаењето се темел на современото земјоделство
Пченицата и јачменот во Пелагонија со подобар квалитет од лани
Претходен напис Претпладне променливо облачно со дожд, попладне претежно сончево и посвежо
Следен напис Над 50 пожари вчера во земјава, денеска нема активни
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?