Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Рекордни цени на какаото низ светот, можно ново поскапување на чоколадото
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Рекордни цени на какаото низ светот, можно ново поскапување на чоколадото
Агровести

Рекордни цени на какаото низ светот, можно ново поскапување на чоколадото

Објавено 10/02/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Светските цени на какаото достигнаа нови рекорди, а причина за тоа е сушата која ги оштети посевите во Западна Африка.

Цената на какаото на њујоршкиот пазар вчера изнесуваше 5.874 долари за тон. Така, цената на оваа клучна состојка за правење чоколадо е речиси двојно зголемена од минатата година. Тоа веќе го чувствуваат главните производители на чоколадо, но и крајните потрошувачи.

Еден од најголемите светски производители на чоколада, американскиот Херши, вчера објави дека очекува историски високите цени на какаото да го ограничат растот на заработката оваа година. Извршниот директор на „Херши“, Мишел Бак не ја исклучува можноста за зголемување на цените на чоколадото за крајните клиенти.

Друг американски производител, Mondelez, како еден од предизвиците оваа година го посочи зголемувањето на цените на состојките за правење чоколадо. Главниот финансиски директор на Монделез, Лука Зарамела изјави дека се соочуваат со значително зголемување на цените на какаото и шеќерот.

Цените на какаото се зголемија поради слабата жетва во Западна Африка, каде што производството задоволува најголем дел од глобалната побарувачка за какао. Метеоролошкиот феномен Ел Нињо предизвикува суши во Гана и Брегот на Слоновата Коска, два од најголемите светски производители на какао. Повисоките температури и промените во обрасците на врнежите се последица на климатските промени, а влијаат и на жетвата, јавува Би-Би-Си.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:какаотопоскапувањеРекордни ценисветотчоколадото
Претходен напис Недела на министерот Николовски: Срцето ми е полно кога гледам насмеани млади земјоделци
Следен напис СОЛИС АКЦИЈА: Ротофреза и тробразден плуг
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?