Неделава што изминува беше во знакот на посетите на министерот за земјоделство, Љупчо Николовски кај младите земјоделци.
Најголем дел од мерките кои ги носи МЗШВ се наменети за земјоделците до 40 години. Целта е да се мотивираат младите да ги работат нивите дома, да почнат некој агробизнис, да инвестираат и да ги реализираат идеите кои ги имаат.
Според фотографиите кои ги објави министерот Николовски, ова беше една недела во која тој и сите ние имавме можност да се увериме за исправноста на мерките кои ги носи Владата и потврда дека парите од буџетот на државата завршуваат кај вистински земјоделци.

Здравче, Павел, Илчо, Иван …. беа домаќините кои го пречекаа Николовски и имаа можност директно да му ги кажаат состојбите во аграрот, очекувањата од министерството и плановите како заеднички да има уште поголем развој и перспектива за сите земјоделски производители.

Павел е младиот земјоделец, момчето кое со широка насмевка на лицето ми кажа дека тука, дома е најубаво. Се вратил од туѓина за да создава во својата татковина. Успешен млад земјоделец, пчелар, добитник на модерна механизација.
Младите земјоделци се нашиот фокус и се на врвот на нашите политики. Со нив држиме чекор со времето и технологијата и заедно го модернизираме македонското земјоделство.

Здравче, Павел и Илчо се вредни земјоделци од Свети Николе, сите добитници на трактори преку Програмата за рурален развој.
Минатата година доделивме 730 решенија за набавка на трактори, поддршка вредна 500 милиони денари, кофинансирајќи од 50 % до 70% во зависност од вкупната вредност. Креираме мерки во интерес на сите земјоделци. Преку програмата за рурален развој и оваа година даваме поддршка на земјоделците и во набавка на комбајни за жито и набавка на трактори.
Секоја педа обработлива земјоделска површина ја ставаме на располагање. Само изминатите две години сме ставиле 17.956 хектари државно земјоделско земјиште на располагање.
Тоа најдобро може да го потврдат земјоделците од светиниколско.
Оваа 2024 година сите земјоделци како што ветивме добиваат 100% зелена нафта. Имаме поставено јасни цели креираме конкретни мерки и политики за поддршка на земјоделците, кои несомнено даваат резултати.

Срце ми се полни кога гледам млади, успешни земјоделци, земјоделци визионери кои иднината ја гледаат тука, во својата татковина. Иван е сопственик на “Агрофутопија”, и има земја на која произведува лозови и овошни насади.
Аплицирал за мерката 7 од #ИПАРД 3 програмата, и сака да си отвори винарија, тука во Свети Николе. Ова посебно ме радува затоа што гледам дека сме ја вратиле довербата на младите во институциите, младите сакаат да инвестираат и создаваат во својата домовина. ![]()
Ги мотивираме младите земјоделци како Иван, па така поддршката за кофинансирање за младите земјоделци достигнува и до 70% од вредноста на инвестицијата од #ИПАРД 3 програмата. #ИПАРД е наша успешна приказна на која сите треба да сме горди.

Новата мерка бизнис план во земјоделството за една година даде одлични резултати. 206 договори за поддршка во вредност од 1,5 милиони евра.
Радува тоа што од овие 206 договори, 121 апликација се од млади земјоделци, а токму “Малеш Бреза” од Берово се едни од грантистите. Со грантот од мерката бизнис план набавуваат опрема и приклучна механизација. За голем поздрав се компаниите како оваа, со визија за модерно и конкурентно земјоделство.
Фејсбук статус на Љупчо Николовски
