Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Рекорден пад на производството на свинско месо во Германија


Рекордно ниско производство на свинско месо е забележано во Германија од страна на Федералното биро за статистика. Падот беше околу 10 проценти во првиот квартал во однос на 2021 година.

Станува збор за околу 1,34 милиони товеници помалку од лани. Податоците покажуваат дека од јануари до март имало 12,08 милиони свињи низ целата земја. Досега никогаш не е забележан таков пад на производството на свинско месо од 11,6 отсто на 1,15 милиони тони поради намалувањето на просечната маса за 1,7 кг на 95,5 кг по свиња, наведува Агрархеуте. На почетокот на минатата година животните доцна пристигнувале во кланицата и биле потешки. Овогодинешните повисоки цени на храната ќе влијаат на тоа за колење да се предаваат товеници со помала тежина.

Помалку домашни свињи и месо

Бројот на домашните свињи е намален за 1,34 милиони грла или 10,2 отсто на 11,78 милиони грла во однос на првиот квартал. Се намалува и бројот на увезените. Понудата на пазарот надвор од Германија е намалена за 6.240 или 2,0 отсто на 304.490 грла во споредба со првите три месеци од 2021 година.

Покрај падот на бројот на свињи и товеници, евидентиран е и помал вкупен број на заклани животни.

Пад и во производството на говедско месо

Пад е забележан и кај производството на говедско месо во првиот квартал од 2022 година. Станува збор за 748.660 животни што е за 76.260 или за 9,2 отсто помалку од истиот период лани. Производството на говедско месо паднало за 10,0 отсто на 245.950 тони. Производителите испорачале 10,8 отсто помалку животни во кланиците. Намалувањето на бројот на бикови и волови е за 10,7 отсто на 275.380 грла.

Мај 17, 2022agrotim3
Денеска ќе биде сончево и топло, максимална температура до 32 степенаСпреј од листови од домати - Природна заштита од лисни вошки

Напишете коментар Откажи одговор

17/05/2022 Агровести42

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019