Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Регионалното здружение „Меден исток“ ќе обучува почетници за основно пчеларство на одржлив начин
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Регионалното здружение „Меден исток“ ќе обучува почетници за основно пчеларство на одржлив начин
Агровести

Регионалното здружение „Меден исток“ ќе обучува почетници за основно пчеларство на одржлив начин

Објавено 14/01/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Едукативниот центар на Јадрената група на пчелари од брегалничкиот регион (ЈГПБР) „Меден исток“ ќе спроведе четиримесечна обука за лица почетници во рамки на програмата „Пчелар за основно пчеларство на одржлив начин“.

Програмата е верифицирана од јавната установа Центар за образование на возрасни и од Министерството за образование и наука, со што секој учесник кој успешно ќе ја заврши обуката ќе се стекне со национално признаен сертификат.

– Пријавувањето на заинтересираните полнолетни кандидати е до 24 јануари, а обуката ќе почне во февруари. Оваа програма за одржливо пчеларство е единствена во нашата држава, при што се користат швајцарските знаења и искуства, адаптирани на македонските услови што веќе ги применуваат членовите на „Меден исток“. По завршување на обуката учесниците ќе бидат оспособени за подигање сопствен пчеларник, за размножување на пчелните семејства, а ќе можат и да ги собираат, складираат и пакуваат пчелните производи, да применуваат стандарди и контрола на производството, како и да ги препознаваат болестите кај пчелите и да применуваат биотехнички методи за лекување, истакна Ванчо Кировски, претседател на ЈГПБР „Меден исток“.

Обуката ќе се реализира во викенд денови со вкупно 110 часови, распределени во седум тематски модули. Теоретските предавања ќе бидат во Кочани, во простории со потребни нагледни едукативни средства, а практичната настава ќе се реализира на пчеларник во близина на вештачкото езеро Гратче кај Кочани.

Програмата се реализира во соработка со Националната федерација на фармери, Шведската организација за развој We effect и Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА), кои покриваат половина од трошоците за посета на обуката за секој учесник.

Согласно Законот за образование на возрасните сите учесници во програмата потпишуваат договор за следење на програмата со сите пропишани законски услови и примена на заштита од ковид пандемијата.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:меден исток
Претходен напис Замрзнување и одмрзнување на месото – Како да се спречи расипување?
Следен напис Владата донесе Уредба за прогласување кризна состојба заради нарушување на снабдувањето со топлинска енергија за да се обезбедат мерки за надминување на состојбата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?