Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Регионална конференција на ЦИВИЛ и ЛогЕкс: Перспективите на циркуларната економија во услови на војни и несигурности
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Регионална конференција на ЦИВИЛ и ЛогЕкс: Перспективите на циркуларната економија во услови на војни и несигурности
Агровести

Регионална конференција на ЦИВИЛ и ЛогЕкс: Перспективите на циркуларната економија во услови на војни и несигурности

Објавено 27/05/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

ЦИВИЛ е домаќин на онлајн регионална конференција на тема „Перспективите на циркуларната економија во услови на војни и несигурности“ в петок, 31 мај, со почеток во 12 часот.

Конференцијата е дел од Неделата на циркуларната економија на Западен Балкан 2024, регионална манифестација на веќе трета година ја организира регионалната иницијатива ЛогЕкс (LogEx), формирана од еминентната тинк-тенк организација Балкан Форум од Косово.

На конференцијата ќе говорат претставнички и претставници на граѓански организации од целиот регион на Западен Балкан, во прв ред, членки на ЛогЕкс заедницата. Тие ќе говорат за своите активности, како и за перспективите на циркуларната економија во национални, регионални и глобални контексти.

Работниот јазик на конференцијата е англиски.

Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан 2024

Овогодишната тема на Неделата на циркуларна економија е „Одржливи мостови: Обединување, издигнување, надополнување“ и се одржува од 27 до 31 мај.

Организациите од земјите на Западен Балкан, членки на ЛогЕкс заедницата организираат мноштво од паралелни активности со кои ги промовираат добрите практики и знаењата поврзани со предизвиците и перспективите на циркуларната економија во регионот.

Регионалната иницијатива на ЛогЕкс (LogEx) заедницата – формирана од Балкан Форум – има за цел да го револуционизира пристапот на Западен Балкан кон одржливиот развој, преку промовирање на практики на циркуларната економија. Со здружување на различни актери, вклучувајќи ја и академијата, граѓанските организации, медиумите, бизнисот и експертите, Неделата на циркуларна економија има цел да ја промовира интерсекторската и регионалната соработка кои се основа за развој и поттикнување на значајни и позитивни промени во регионот.

ЦИВИЛ 

Може да ви се допадне

Европскиот пазар се затвора за Бразил: ЕУ го ограничува увозот на месо, јајца и мед
(ВИДЕО) Со помош од државата винарските визби ќе го откупат целото винско грозје
(ВИДЕО)Јанчев: Откупот на грозјето е почнат, да нема параноја, оваа година организацијата е на ниво!
Поради сушата некои култури повеќе нема да напредуваат во некои региони, предупредува извршната директорка на Европската агенција за животна средина
ЈУ Национален парк „Пелистер“: Целосно изгаснат пожарот на Пелистер
Таг:Западен БалканконференцијамајЦивилциркуларна економија
Претходен напис Трета смена: Шест причини за прскање со пестициди навечер
Следен напис (ФОТО)Градинарите незадоволни од ниската откупна цена на доматите протестираа во центарот на Струмица
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?