Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ФОТО)Градинарите незадоволни од ниската откупна цена на доматите протестираа во центарот на Струмица
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ФОТО)Градинарите незадоволни од ниската откупна цена на доматите протестираа во центарот на Струмица
Агровести

(ФОТО)Градинарите незадоволни од ниската откупна цена на доматите протестираа во центарот на Струмица

Објавено 27/05/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со трактори, приколици, изморени и погодени од жешкото сонце производителите на домати од Струмичкиот регион денеска го блокираа центарот на градот искажувајќи го својот револт од ниските откупни цени на доматите. Велат дека на самиот старт на бербата со откупна цена која деновиве падна и на 20 денари за килограм не можат да ги покријат трошоците на производство а каде им се останатите давачки.

– Бараме рентабилна цена за доматот од 35 денари за килограм и еднаш да се стави крај на неконтролираниот увоз на домати од Албанија и Турција. Веќе цела недела откупот е катастрофа а ние никако не можеме трошоците да ги покриеме, порачаа градинарите.

Според нив токму ова е главната причина зошто кај доматот секодневно се намалува цената за откуп. Велат дека има голема разлика меѓу цените по кои тие ги продаваат своите домати и онаа која ја плаќаат граѓаните  во другите градови каде изнесувала и до 70 денари за килограм.

Во моментов се откупува благата пиперка по цена од 60 денари за килограм а на некои откупни места имаше и откуп на рана црвена пиперка која се откупуваше за 90 денари.

Оваа сезона раноградинарите во Струмичко имаа проблем и со откупот на зелката која падна и до 7 денари за килограм  што е за неколку пати пониска од лани.

Деновиве по струмичките полиња честа е глетката на необрана зелка а има и такви случаи кога по социјалните мрежи производителите на зелка им нудат на граѓаните да ја добијат на подарок од срце, како што велат тие, отколку да им скапува на нива

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:доматизелказемјоделципротестструмица
Претходен напис Регионална конференција на ЦИВИЛ и ЛогЕкс: Перспективите на циркуларната економија во услови на војни и несигурности
Следен напис Игровые возможности Vavada казино на сегодня
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?