Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Регионален форум на Југоисточниот плански регион за одржлив третман на биоотпадот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Регионален форум на Југоисточниот плански регион за одржлив третман на биоотпадот
Агровести

Регионален форум на Југоисточниот плански регион за одржлив третман на биоотпадот

Објавено 29/06/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Во Музејот на Општина Радовиш денеска ќе се одржи Регионален форум на Југоисточниот плански регион посветен на одржливиот третман на биоотпадот, во рамки на проектот „Нула биоотпад: Системски промени во партнерство со граѓаните“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Проектот го спроведува Здружението за еколошко одржлив развој Зелен институт, во партнерство со Националното здружение на сопственици на приватни шуми, а неговата цел е да придонесе кон транзиција кон „нула отпад“ општини преку подобрување на управувањето со биоотпадот, намалување на загадувањето и ризиците од пожари, поефикасно искористување на ресурсите и поттикнување на циркуларната економија.

Поздравни обраќања ќе имаат градоначалникот на Радовиш, Љупче Почивалец, и претставник на Министерството за животна средина и просторно планирање. Форумот ќе го модерира Ана Петровска, а презентации ќе имаат Наталија Бургиева, техничка експертка и Аријан Тоска, финансиски/институционален експерт.

На форумот ќе бидат презентирани резултатите од базичното истражување за управување со биоотпадот, кое содржи анализи и предлог-модели за технолошки, финансиски и институционални решенија. Преку дискусија со претставници на општините, јавните комунални претпријатија, институциите, стопанството и други засегнати страни ќе бидат избрани најприменливите модели, кои ќе послужат како основа за изработка на предфизибилити студија за управување со биоотпадот во Југоисточниот плански регион.

МИА

Може да ви се допадне

Почувствуван земјотрес со епицентар на подрачјето Тетово-Гостивар
Трипуновски и директорката на Светска банка за Македонија и Косово ќе потпишат грант од два милиони долари
Осум пожари на отворено во текот на денов, три се уште активни
Дојран со туристи и средени плажи ја почна летната сезона
Различни вкусови, рачни изработки и музички изведби го промовираа прекуграничниот регион на настанот „Border Bite” во Дојран
Таг:биоотпадотплански регионРегионален форум
Претходен напис Трипуновски и директорката на Светска банка за Македонија и Косово ќе потпишат грант од два милиони долари
Следен напис Почувствуван земјотрес со епицентар на подрачјето Тетово-Гостивар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?