Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: РЕЦЕПТ за екстра здрав леб – ФИБРОГЕЛ ЛЕБ!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > РЕЦЕПТ за екстра здрав леб – ФИБРОГЕЛ ЛЕБ!
МагазинСовети

РЕЦЕПТ за екстра здрав леб – ФИБРОГЕЛ ЛЕБ!

Објавено 08/09/2020
Сподели
6 мин. за читање
Image of delicious homemade spelt bread on a marble board.
Сподели
Ad imageAd image

Кога ќе се спомне леб, поголемиот дел од луѓето веднаш помислуваат на нездрава храна или храна која ќе ги здебели. И во право се, но само кога станува збор за белиот леб кој има висок гликемиски индекс, а неретко има и додадени маснотии и шеќери.

Лебот добиен од полнозрнасто брашно не само што е здрава храна, туку тој треба да претставува основа во нашата исхрана, бидејќи освен што е одличен енергетски извор кој ќе нè засити на подолг рок, тој претставува и богат микронутритивен извор (витамини и минерали). Дополнително, полнозрнастиот леб има далеку побогат вкус.

Наједноставната промена во исхраната, односно исфрлувањето на белиот леб и наместо него, употребата на оној полнозрнастиот е можеби клучната промена со која треба да започнете доколку сакате подобра исхрана.

Многу повеќе околу разликите помеѓу белиот и црниот леб, прочитајте тука

Па, зошто да не направиме толку едноставна промена за која нашиот организам ќе ни биде благодарен?

Во продолжение, еден интересен рецепт за здрав и вкусен леб – Фиброгел леб.

Фиброгел леб

Во овој рецепт ќе подготвиме леб кој нема брашно, туку семиња. Веројатно се прашувате како ќе ја задржи цврстата форма – одговорот лежи во состојката псилиум. Всушност ова е главната состојка на фиброгелот, за кој зборувавме во една од претходните статии, а можете да го набавите во аптеките на Еурофарм .

За рецептот ќе ви бидат потребни:

  • 100g семки од сонгоглед
  • 60g ленено семе
  • 50g бадеми и/или лешници
  • 120g овесни снегулки
  • 2 лажици чиа семе
  • 5 кафени лажици ФИБРОГЕЛ
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажица мед/јаворов сируп
  • 2 лажици маслиново масло
  • 350 мл вода

Начин на подготовка

  1. Во сад ставете ги сите суви состојки (семките) и добро промешајте.
  2. Во друг сад ставете ги течните состојки – водата, маслиновото масло и медот и додадете ги во садот со семињата. Мешајте додека смесата не се соедини и не стане цврста.
    *Доколку тестото е премногу цврсто, слободно додадете уште неколку лажици вода.
  3. Префрлете го тестото во калап за печење леб обложен со хартија за печење, измазнете го и оставете го да отстои најмалку 2 часа на собна температура.
  4. Откако тестото ќе се стегне, загрејте ја рерната на 175°C. Лебот печете го 20-тина минути, а потоа извадете го од калапот, превртете го и печете го директно на решетката уште 30 минути.

Оставете го лебот целосно да се излади пред да го пресечете, а потоа можете да уживате во неговиот богат вкус во комбинација со нашите рецепти за хумус или табуле.

Нутритивна вредност

Една кришка од овој леб (или 30g) има:

▫ околу 120kcal
▫ над 4g растителни влакна!
▫ околу 4,5g протеини
▫ околу 7,5g масти (над 90% од нив здрави маснотии)
▫ околу 7g јаглехидрати
▫ фантастичен микронутритивен и антиоксидативен извор: калиум, калциум, цинк, манган, фосфор, маснорастворливи, но и витамини од Б групата, железо, селен и уште многу други минерали и витмаини во помал обем.

Леб одличен за слабеење, но и добар за кардиоваскуларното здравје

Комбинацијата од сите споменати намирници, овозможува внес на големо количество растителни влакна и протеини. На тој начин, Фиброгел лебот е одлична храна за намалување на килограмите, а погодна е и за оние кои се на безглутенска исхрана.

Лененото семе, покрај растителните влакна и другите корисни компоненти, содржи  и високиот процент омега 3 масни киселини, кои се многу важни, помеѓу останатото и за срцевото здравје. Повеќе за нив прочитајте тука. Дополнително, овој леб содржи и доста калиум и магнезиум, многу важени минерал за срцето.

Хранливата чиа содржи низа на антиоксидативни компоненти, но е и еден од најбогатите растителни извори на протеини. Овесот пак, е извор на сложени јаглехидрати, а истовремено и на растителни влакна и протеини.

Според ова, овој леб е одличен извор и за дијабетичари и луѓе кои имаат некакви дигестивни проблеми, како запек, дијареа, гасови итн. Само една кришка од Фиброгел лебот ви обезбедува повеќе од 10% од дневните потреби за растителни влакна.

Леб кој е одличен извор на (поли) незаситени маснотии

Фиброгел лебот е навистина одличен извор на квалитетни маснотии (од бадемите, чиата, лененото семе, сончогледот и останатите компоненти) кои ќе придонесат за вашето здравје од различни аспекти – подобро здравје на мозокот, срцето, кожата, па дури и за процесот на слабеење. Повеќе за здравствените бенефити на мастите и кои се добри, а кои лоши маснотии, прочитајте тука.

Заради исклучително богатиот микронутритивен состав, Фиброгел лебот има уште низа на други корисни здравствени дејства за кои можете да прочитате повеќе со кликнување на секој од микронутриентите.

Прилогот го подготви Д-р Александар Митов

Може да ви се допадне

Летен пинџур
Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Таг:здрав леблебполнозрнесто брашнорецепт за здрав лебФиброгел леб
Претходен напис Заев по средбата со лозарите: Винариите да останат на договорените откупни цени, ќе интервенира и државата
Следен напис Ф’стаци сорта Kerman (женски) и машки сорта Peters, подлога Pistacija Atlantis
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?