Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заев по средбата со лозарите: Винариите да останат на договорените откупни цени, ќе интервенира и државата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Заев по средбата со лозарите: Винариите да останат на договорените откупни цени, ќе интервенира и државата
АгровестиРастително производство

Заев по средбата со лозарите: Винариите да останат на договорените откупни цени, ќе интервенира и државата

Објавено 08/09/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Винариите да останат на договорените откупни цени од 11 денари за „вранец“ и 9 денари за „смедеревка“, а државата ќе интервенира со ветените четири денари поддршка за овие две сорти и дополнително со два денари за високосортното грозје, изјави премиерот Зоран Заев по денешниот два и полчасовен состанок со лозарите во Кавадарци.

– Дополнително остануваме на супституција на транспортот, односно околу 20 проценти на транспортните трошоци на наливното вино, 30 проценти на супституција на транспортните трошоци на флашираното вино. Ја отворивме и новата можност кон сите откупувачи да можат да окупат винско грозје и да го извезат како винско грозје. Тоа е стимулативна мерка која денеска е понудена. Ако откупат 12 милиони килограми, ќе добијат два денари субвенција, ако се откупат и извезат меѓу 12 и 25 милиони килограми ќе добијат три денари, а доколку откупат повеќе од 25 милиони килограми, директно ќе добијат четири денари, изјави Заев.

Најави дека лично ќе разговара со менаџментот на „Тиквеш“ која, како што рече, треба да го понесе најголемиот товар како најголема меѓу винарските визби. – Низ разговор и со сите детали да ги изнајдеме решенијата затоа што на крајот сите треба да понесеме на свои плеќи и да ја пребродиме оваа криза. Верувам дека најголемата македонска визба ред е да понесе најголем дел од товарот,  рече Заев.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:грзојекилограмиоткупразговор
Претходен напис Следните денови – Вистинско септемвриско лето
Следен напис РЕЦЕПТ за екстра здрав леб – ФИБРОГЕЛ ЛЕБ!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?