Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Речиси целосно замрзнаа кајсиите во североисточна Бугарија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Речиси целосно замрзнаа кајсиите во североисточна Бугарија
Агровести

Речиси целосно замрзнаа кајсиите во североисточна Бугарија

Објавено 17/03/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ниските температури што ја зафатија североисточна Бугарија во последното деноноќие речиси целосно  ги „изгореа“ расцутените дрвја, се очекува приносот да биде едвај  10-15% од  очекуваниот.

„Кајсиите во северо-источна Бугарија се замрзнати скоро 100%, поради  падот на температурите во последните 24 часа“ изјави  Димитричка Турпанова од Сојузот на овоштарите во областа Добрич.

На многу места во овој регион, овошните дрвја поради невообичаено високите темеператури во текот на  зимата, процветаа порано од вообичаеното. Како и да е, синоќа  живата во термометарот  се спушти  на минус 6, а некаде и до минус 9 степени Целзиусови во различните северо-источни области, а за следните неколку дена се прогнозира  ведро  и студено време.

„Ова не е слана, ова е  измрзнување“, објаснуваат производителите. Според нив, дури и оние производители кои имаат систем за оросување кој би требало да го реши проблемот со мрзење не успеаа да ги заштитат своите култури.

Оваа  ситуацијата со кајсиите се случи во областа на  Добрич, Русе и Силистра, веројатно и во Шумен, додава Турпанова. Состојбата областите близу на морето сè уште не е позната.

Таа потсети дека производителите кои се засегнати со оваа ситуација можат да достават целосна документација  до општинските канцеларии за земјоделство. Тие имаат право на надомест до 80% од трошоците за одгледувањена овошките што ги направиле до денот на настанот.

Земјоделците во северозападна Бугарија исто така претрпеа штети од мразот во последните 24 часа.  Топлото време доведе до и цутење  на праските, кајсиите, лешниците и другите видови на овошни дрвја. Сепак, потребни се неколку дена за да се процени штетата.

Божидар Петков од Бугарското здружение на производители на малина  подсети дека со помош на варосување на стеблата, вегетацијата и цветањето во  овоштарници може да се одложат, и тоа се прави во случај кога постои загриженост поради раниот развој на дрвјата и појавата  на доцните мразеви.

Извор :Агрибг

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:бугаријакајсииМрзнење на кајсиитепролетен мраз
Претходен напис Исплатени субвенциите за произведено и предадено млеко
Следен напис Блерим Бесими со само 34 години пример за успешен земјоделец, јаболката од неговата Преспа годинава се најдоа и на норвешкиот пазар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?