Иако наполни 85 години, на енергијата на пејачката Лепа Лукиќ може да ѝ позавидат нејзините многу помлади колеги, додека нејзините песни станаа хитови без кои не поминува ниедна прослава. Таа самата еднаш изјави дека внимава на исхраната и јаде претежно јадења од лажица.
– Не сакам тешка храна, ми се допаѓа што сè е природно кај мене. Можам слободно да кажам дека сакам само јадења на лажица. Не јадам скара. Не е дека никогаш не јадам месо, го јадам и се случува тоа понекогаш, но не многу. Сакам суви, домашни колачи, а кога станува збор за торти, не сум голем обожавател. Генерално не јадам многу слатки и не се прејадувам во секоја смисла на зборот – вели пејачката. Оваа домашна чорба е токму таква, лесна и едноставна, и полна со витамини, што таа ги обожава.

Потребно е:
1 кромид
3 моркови
1 пашканат
1 корен од целер
1 парче зелка
1 компир
лист од магдонос, копар
мешавина од зачини, пипер
маслиново масло
Подготовка:
Исчистете го кромидот, исечкајте го ситно и пропржете го во маслиново масло. Потоа измијте ги морковите, пашканатот и целерот и исечете ги на коцки и додадете во кромидот. Добро пропржете сè, компирите излупете ги и исечкајте ги на коцки, повторете ја постапката со зелката и додадете ја во динстаниот зеленчук. Потоа измиксајте, но не да добиете крем, туку да направите погруба текстура и вратете ја во чорбата во која сте додале вода по желба за густина каква сакате. На крај додадете една мала лажица павлака и наросете со нане и магдонос.
извор: Alotrpeza.rs
