Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Развојот на руралниот туризам – важна станица за привлекување на туристи!


За некои тие се угостители аматери, а за други се земјоделци кои покрај земјоделството сакаат да се занимаваат и со туризам!

Многу често руралниот туризам се спомнува како една од добрите опции за семејна и демографска ревитализација на нашата држава но за жал во споредба со другите земји, особено оние кои се членки на ЕУ се гледа дека кај нас овој дел е некако запоставен и дека на тоа треба да се обрне сериозно внимание.

За добрите познавачи на состојбите јасно е кои земји од Европската Унија ја имаат таа најразвиена форма на туризам. Тоа се Австрија, Германија, Велика Британија, Франција и Италија. Поради поддршката на европските фондови во развој на руралните подрачја таа форма на туризам доби експанзија и во Бугарија, Романија и Латвија.

Руралниот туризам подразбира широк спектар и тоа: селски туризам, велосипедизам, верски, ловен и риболовен, еколошки туризам и сл. Но кога се мисли на рурален туризам најчесто се спомнува агротуризам т.е селскиот туризам. Советот на Европа овој поим го дефинираше уште во 1986 година но кај нас неговиот развој се одвива бавно, со одредена доза на интерес на земјоделски туристички стопанства и се очекува во наредниот период тој да оди во нагорна линија.

Развојот на руралниот туризам е предмет на политика на многу европски земји  со цел унапредување на глобалниот општествен и економски развој на руралните подрачја кои воглавно се сретнуваат со негативните трендови на иселување. Притоа развојот на руралниот туризам го поттикнува планот на Европската Унија која настојува да ги поттикне локалните и малите стопанства со цел развој на органско и европско земјоделство, кое има долгорочна и глобална цел – намалување на влијаниеето на климатските промени.

Неодамна министерот за земјоделство Трајан Димковски, изјави дека со ефикасно искористување на мерките од Програмата за рурален развој, наменети за општините ќе  се решат проблемите со комуналната и патната инфраструктура во руралните општини.

Македонија има многу убави места кои можат да привлечат туристи во руралните подрачја, но за жал се посетуваат само за време на празници или прослави за Нова година. Единственоста на пристапот кон традиционалните производи кај нашиот народ е добар основ за создавање концепт за развој на Руралниот туризам во Македонија. Согласно  направените  анализи,  нашата земја по  својата географска и демографска структура нуди можности за развој на рурален туризам на поголем дел од својата територија. Крива Паланка и околината како дел од североисточниот плански регион има одлични услови за развој на оваа гранка. Промоцијата на дестинацијата треба да биде насочена кон домашните потенцијални туристи и тоа особено кон викенд туристите, од главниот град Скопје и од Република Бугарија. Препорачливо е користење на интернет промотивни алатки и промотивни  печатени  материјали, а промоцијата треба да се одвива во насока на организирање на еднодневни тури.

Долго  време  се спомнува руралната средина  како  носител  на  туристичкиот  потенцијал во земјава. Не е голем бројот на посакувани туристи кои би  престојувале  во  рурална  средина.  Секојдневниот стрес, еколошките проблеми  и претрупаната градска средина им даваат можност на луѓето да направат споредба помеѓу сивото секојдневие и престојот  во  уникатна  рурална  средина,  да се проба свежа  и  еколошки  чиста  храна,  поблиски контакти  со локалното население, приближување до природните убавини и реткости, селската градина, двор.

Според директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски преку Програмата за рурален развој се трудат да создадат еднакви услови за развој на сите региони на државата и со посебен акцент на руралните подрачја.

Фев 13, 2020agrotim2
Промовирани нови агрометеоролошки станици и заеднички работен простор - успешни проекти за рамномерен регионален развојЕдукативни флаери за земјоделците да внимаваат кога горат отпад на нивите
Коментари: 1
  1. Здружение Михајло Пупин
    13/01/2023 во 13:20

    Прави луѓе на право место и се може да функционира,да се подобри и да даде подобри резултати.За жал во локалните самоуправи седи нестручен и неспособен кадар.КРЕАТИВНОСТА не се учи таа се раѓа со човек…Државата има што да покаже,атрактивни и одлични дестинации који ќе привлечат гости од секаде па и домашните но за тоа се потребни прави луѓе кои знаат,сакаат и можат да помогнат во секоја фаза на активноста.Луѓе со искуство,контакти,знаење и креативноста.Така се доаѓа до резултати кои нема да сопрат на сам почеток,треба да станат самоодржливи и да напредуват…

    ОдговорОткажи

Напишете коментар Откажи одговор

13/02/2020 1 Коментар Рурален Развој1,890

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019