Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Разладување на кравите: Внимавајте како ги поставувате вентилаторите за да не дојде до заболување
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Разладување на кравите: Внимавајте како ги поставувате вентилаторите за да не дојде до заболување
АгровестиСовети

Разладување на кравите: Внимавајте како ги поставувате вентилаторите за да не дојде до заболување

Објавено 11/07/2023
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Високите температури и влажниот воздух освен што го минимализираат топлотниот стрес кој посебно негативно влијае на продуктивноста на млечните крави, нивната репродуктивна способност, може да доведе до болести и на крај пократок животен век.

Дека говедата се потолерантни на ниските температури, е општо познат факт, а идеални за производство на млеко се температури од 10 до 12°C. Повисоки температурни вредности не им одговараат и може да доведат до намалување на продуктивноста до 20, па и повеќе проценти. Тогаш се намалува земањето храна, се забавува метаболизмот и се намалува конверзијата на храна, бидејќи организмот е принуден да се ослободи од вишокот топлина за да се одржи телесната температура. Со намалено земање на храна од 8 до 12 проценти, паѓа и производството на млеко за 3,6 до 5,4 литри, во својот стручен труд „Управување со топлинскиот стрес кај млечните крави“, пишуваат д-р вет. мед. Германо Брајковиќ и д-р.вет.мед. Давор Перкиќ за Agroklub.

Исто така, процентот на плодност може да биде помал од 50 проценти поради краткиот период на гонење и негативното влијание на топлината на ембрионот, а се зголемува и појавата на маститис. За да им се помогне на кравите во издржување на многу високите температури, но и да ги намалиме трошоците, а потоа и загубите во производството, потребно е да се рагира на вистински начин.

Како да се постават вентилаторите?

Најпрво објектите мора да бидат проветрени и удобни за да овозможат добра размена на воздухот. Потребата за вода во овој период е поголема, па важно е да им се обезбеди доволно чиста, свежа и исправна вода и доволен број на поилки.

Во секое сериозно производство потребно е да се користи вентилациски систем чија задача е создавање на оптимална клима во шталата, која е предуслов за здравје, добросостојба и високо производство на млеко.

Според Брајковиќ и Перкиќ, вентилаторите (со навлажнувачи) можат да се сместат на височина од 2,4 до 3 метри каде што ќе бидат ориентирани лонгитудинално со наклон од 30 степени кон подот, одвоени еден од друг 2,40 м со растојание од 6 м.

Се поставуваат и во молзиштето каде што треба да бидат сместени во два реда на растојание од 60 см без навлажнување над местото за молзење.

„Вентилаторите мора да бидат свртени кон главите на молзните крави за да го сушат вимето, свртени кон подот под агол од 30 степени“, наведуваат.

Исто така, во шталата вентилаторите се поставуваат над местото за хранење и редовите на лежиштата со размер 60 см на секои 6 метри или растојание 120 см на секои 9 метри, свртени кон подот под агол од 30 степени. Брзината на струење на воздухот е 10 км/час.

„Најдобар начин на ладење е комбинација на вода и воздух. Ладењето со испарување се темели на способноста на водата да ја апсорбира топлината од мократа површина на животните“, нагласуваат.

Кравите не сакаат провев, но сепак не го затворајте објектот

Ова го потврдува и претседателот на Сојузот на задруги на хрватските одгледувачи на говеда, Бранко Колак, кој истакнува дека во одгледувањето на молзни крави најчесто се користат вентилатори кои создаваат вештачки ветер.

„Во комбинација со оросување претставуваат идеален систем за ладење. Но, мал е бројот на штали опремени со прскалки бидејќи земјоделците не можат финансиски тоа да си го дозволат“, открива тој.

Нагласува дека прво треба да се обезбеди природна измена на воздухот.

„Навистина, кравите не сакаат провев, но голема грешка е затворање на објектот. Во овој период од годината доволно им е само покрив над глава и добра промена на воздухот“, советува Колак.

Вели дека кога станува збор за вентилација, освен што ја лади стоката и го минимализира топлинскиот стрес, таа ја извлекува влагата, штетните гасови, прашината, разните патогени, ја одржува шталата сува, ги регулира мирисите и помага во контрола на мувите.

Важно е да се постави правилно за да биде поделотворна и да не им наштети на животните. Колак го дели своето искуство и вели дека вентилаторите се поставуваат во делот на шталата над делот за хранење, за кравите што повеќе да ѝ приоѓаат на храната.

„Се вградуваат на височина од 3,5 до 4 метри за да го проветруваат воздухот над кравите, на височина од 2,5 до 3 метри и создаваат чувство на ветерче. Важно е да се постават под благ агол од 10 до 15 степени“, појаснува и предупредува дека водухот не смее да биде насочен директно на животните за да не дојде до заболување.

Нивната делотворност зависи од капацитетот, јачината, размерот. Открива дека најчеста пракса на поставување е 120 до 140 см на секои 15 метри.

Како што е посочено, како дополнителен начин на ладење е употреба на млазница со вода. Имено, шприцањето на кравите овозможува брзо ладење, но задолжително во комбинација со вентилатор. Во спротивно може да се создаде спротивно дејство и да настане ефект на сауна. Млазниците за распрснување во време од една до три минути емитираат капки вода која навлегува во влакното на кравата. Притоа вентилацијата овозможува движење на воздухот до крајот на тој циклус за да се забрза испарувањето и да се извлече топлината од телото.

Кога станува збор за крави на отворено, ако во близина немаат природно ладење, најважно е да им се обезбеди настрешница и константно да им се дава питка вода.

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Таг:вентилаторкрави
Претходен напис Светска метеоролошка организација: Изминатата недела беше најжешката во историјата
Следен напис Кравите ја загадуваат околината, но би можеле да бидат и дел од решението, прочитајте како
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?