Забележливо е дека со годините болестите и штетниците се сѐ поагресивни, растенијата се поболни. Лисните вошки се само дел од штетниците кои буквално преку ноќ можат да го уништат повеќемесечниот труд.
Растителните или лисни вошки се мали инсекти со големина до 4 милиметри, кои може да имаат или да немаат крилја. Често нивните тела се покриени со восок или со влакна. Тие се хранат со растителни сокови од листовите или од цветните пупки. Често се наоѓаат на лисја и се именувани по нив. Лисните вошки се размножуваат многу брзо и можат да нападнат големи површини со растенија за кратко време. Секоја лисна вошка може да произведе 3-10 нови индивидуи дневно, а тоа може да потрае и до 4 недели. Се појавуваат неколкупати годишно.
Лисните вошки се најчести непријатели во градината. Морковот, целерот, магдоносот, пиперката и розата се само некои од најчесто изложените растенија.

Заразените лисја се деформирани, се свиткуваат и имаат жолтеникава боја. Овој непријател е најактивен од јуни до септември, но наглиот пораст на температурата после долгите дождливи периоди прави идеални услови за размножување. Понекогаш предизвикуваат поголема штета со пренесување на болести отколку самото исцицување на соковите од растението.
Овие штетници можат да се уништат со поставување на заштитни мрежи или лепливи плочки, природни подготовки, а во случај на поголеми напади се користат и инсектициди.
- Лисните вошки можете физички да ги отстраните со миење на листовите, деловите и стеблата кои се погодени можат да се исечат, да се измијат со млаз вода или да се испрскаат со шеќерен сок за растителните вошки да се измијат од растението или да се залепат за неа.
2. Користење на инсекти и птици како природни одбранбени механизми против лисна вошка – бубамари, муви или стеници.
3. Млеко против лисни вошки од коприва:
-Наполнете голем сад со лисја од коприва,
-Покријте ја копривата со вода, а садот со мрежа,
-Ако растворот почне да се пени, додадете грст вар,
-Користете го ѓубривото за наводнување на растенијата, измешано со вода во сооднос 1:10, на секои 3 до 5 дена.
4. Подготовка на раствор со сапуница против лисни вошки (за растенија што не се јадат!):
-На 4 литри вода се додаваат 50 мл детергент за садови и растенијата се прскаат, особено долната страна на листовите.
5, Раствор од тутун:
-Можете да земете пепел од цигари и да го посипете над земјата околу растението зафатено со лисни вошки,
-Од листовите од тутун може да се направи чај со натопување во топла вода три часа, додавање малку детергент за садови и прскање на растението.
6. Раствор од пелин
-30 грама сув пелин се прелеваат со 10 литри вода и се оставаат преку ноќ,
со овој препарат се третира растението со прскање или наводнување во размер 1:10 во однос на вода.
Извор: krenizdravo.hr
