Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Расте цената на портокалите и мандарините – се намалува увозот на цитруси во ЕУ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Расте цената на портокалите и мандарините – се намалува увозот на цитруси во ЕУ
Пазари

Расте цената на портокалите и мандарините – се намалува увозот на цитруси во ЕУ

Објавено 26/12/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На глобално ниво, цените на портокалите и мандарините се за 15-20 отсто повисоки во 2022 година отколку во 2021 година. Производителите тврдат дека поминале години откако продажните трансакции се склучуваат по толку високи цени.

Тоа е резултат, пишува Tridge, на недостигот на цитруси во Шпанија и намалената понуда во медитеранските земји.

Исто така, годинава е намалено производството на портокали во Египет, а Мароко има значително помалку мандарини од сортата Надоркот. Грција е исклучок, со нормално производство на Клементина.

Според последниот извештај за зголемен мониторинг на увозот на цитруси во ЕУ објавен од шпанското Министерство за земјоделство, рибарство и храна (MAPA), во првите девет месеци од 2022 година во Европската Унија биле увезени 1.446.133 тони цитрус или 8,8 проценти (140.000 тони) помалку од истиот период лани и 6,2 отсто (-95.000 тони) помалку од петгодишниот просек.

Главниот снабдувач била Јужна Африка, со 598.334 тони во периодот од јануари до септември, соодветно. За 4,8 отсто помалку отколку во првите девет месеци од 2021 година. Следува Египет (237.797 тони, -29,3 отсто); Турција (160.774 т, +22,5 проценти); Аргентина (142.061 т, +10,6 проценти), Мароко (125.685 т, +1,3 проценти) и Израел (66.902 т, +1,2 проценти).

Кога станува збор за видовите цитруси, најмногу се увезувале портокалите, 560.803 тони (-23 отсто во однос на истиот период од 2021 година), 413.724 тони лимони (+20,1 отсто), 326.447 тони ситни агруми (-5,7 отсто), и 145.695 тони грејпфрут (-12,9 отсто).

Само во септември се увезени 253.086 тони, 13,9 отсто помалку во однос на истиот месец во 2021 година и 8,5 отсто помалку од петгодишниот просек.

Може да ви се допадне

При опасност од сериозни нарушувања на ПАЗАРОТ СО ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ, Владата може да воведе посебни МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА додека не помине нарушувањето
Како се врши ИНТЕРВЕНТЕН ОТКУП НА ПЧЕНИЦА согласно Законот за земјоделство и рурален развој
Како е регулиран ОТКУПОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ согласно Законот за земјоделство и рурален развој
Раст на извозот и увозот на земјоделско-прехранбени производи во ЕУ
Кои се добитниците, а кои губитниците во трговскиот договор меѓу Кина и САД?
Таг:portokalлимоницитруси
Претходен напис Според прогнозите, во 2023 година, Перу ќе стане светски лидер во извоз на трпезно грозје по обем
Следен напис Одгледувачите на овци од тетовско се здружуваат во задруга: Најдобар начин до сигурен пласман, развој и модернизирање на производството
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?