Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Раст од 2,1 отсто на трошоците на живот и 2,6 отсто на цените на мало на годишно ниво
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Раст од 2,1 отсто на трошоците на живот и 2,6 отсто на цените на мало на годишно ниво
Агровести

Раст од 2,1 отсто на трошоците на живот и 2,6 отсто на цените на мало на годишно ниво

Објавено 07/04/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Трошоците на животот во март во однос на февруари годинава се зголемени за 0,5 отсто, а цените на мало за 0,6 отсто, додека во однос на март лани бележат зголемување од 2,1 отсто, односно од 2,6 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Пораст на трошоците на животот во март 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај маслото и маснотиите за 3.5 отсто, свежото и разладеното овошје за 2.1 отсто, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за еден процент, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.8 отсто, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 0.4 отсто, месото и жестоките пијалци за 0.2 проценти.

Во март, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е регистриран и кај собирањето на отпадните води за 8.2 отсто, течните горива за домаќинствата за 7.4 отсто, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 6.8 проценти, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 5.8 отсто, информатичката опрема за обработка на податоците за 5.5 отсто, моторните возила за 3.0 отсто, гасот за домаќинствата за 2.3 отсто, малите електрични апарати за домаќинствата, фризерските салони и центрите за разубавување за седум отсто, снабдувањето со вода за 0.5 отсто, мебелот и покуќнината за 0.3 проценти, материјалите за одржување и поправки на станот, теписите и другите подни покривки, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства, другите апарати и производи за лична хигиена за 0.2 проценти.

Намалување на трошоците на животот во март во однос на февруари е забележано кај рибата и морските плодови за 0.6 отсто и конзервираното овошје за 0.3 отсто. Исто така, намалување на трошоците на животот е регистрирано и кај медиумите за снимање за 0.9 отсто, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.7 отсто, обувките за 0.5 отсто, домашните миленици и сродните производи за 0.4 отсто и облеката за 0.2 отсто.

Извор: Државен завод за статистика

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Државен завод за статистикастаттрошоци за живот
Претходен напис Недостаток на кечап во американските ресторани поради пандемијата
Следен напис Запленети и уништени уште 7.199 килограми небезбеден сусам
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?