Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Раст и на издадените полиси и на исплатените штети во земјоделството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Раст и на издадените полиси и на исплатените штети во земјоделството
Агровести

Раст и на издадените полиси и на исплатените штети во земјоделството

Објавено 02/04/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Според официјалните податоци на АСО, продажбата на полиси за сите класи земјоделско осигурување од 2017 година до лани е зголемена за 2,5 пати.

Eвиденцијата на АСО покажува дека четирите компании што нудат земјоделско осигурување лани продале вкупно 3751 полиси, од кои 3017 се индивидуални земјоделци и сточари, а 734 се земјоделски и сточарски компании.

Лани продажбата на земјоделски полиси надмина 7,8 милиони евра, а вложувањата на аграрните компании во земјоделско осигурување лани пораснале за 65 отсто.

-Аграрни компании, индивидуални земјоделци и сточари лани вложиле за 24 отсто повеќе во осигурување. Вкупната вредност на продадените полиси за земјоделско осигурување лани достигна вредност од 480 милиони денари (7,8 милиони евра). Најголем раст на вложувања во осигурување има кај земјоделските и сточарските фирми кои за полиси лани издвоиле 65 отсто повеќе односно 215,2 милиони денари (3,5 милиони евра), појаснуваат од АСО.

Паралелно забележан е и раст на вредноста на исплатени штети. Така според податоците на АСО земјоделците и сточарите наплатиле 313,6 милиони денари (5,1 милиони евра) штети од осигурителните компании лани врз основа на покритијата од нивните осигурителни полиси. Вредноста на исплатите за настанати штети лани се зголеми за 56 отсто во споредба со претходната година, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

Најголем раст на наплатени штети има кај земјоделските фирми кои врз основа на осигуреното од своите полиси наплатиле 141,4 милиони денари (2,3 милиони евра) што е за 1,4 милиони евра повеќе исплати за штети во споредба со 2019 година.

На индивидуалните земјоделци минатата година осигурителните компании им надоместиле 2,8 милиони евра за настанати штети и тоа е за 18 отстo повеќе од претходната споредбена година.

Полисите за осигурување во земјоделството покриваат ризици од пожар, град, мраз, луња и дополнителни ризици врз посевите и плодовите. Кај осигурувањето добиток полисите покриваат ризици од последици од болести.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Невработените од земјава, посебно младите до 29 години најдоцна до утре можат да се пријават на огласот за добивање грант за самовработување и започнување сопствен бизнис
Димитриеска-Кочоска: Јавниот долг во првиот квартал е 58,9 проценти од БДП, тоа е суштинската разлика во начинот на кој ние ги водиме јавните финансии
ЦУК: Повеќе пријави за поплави и нарушување на инфраструктурата по невремето во Скопје, најкритични Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Чаир и Аеродром
Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 02.07.2026 година
ММФ ќе прави анализи на пензискиот фонд, во Буџетот се предвидени вкупните 19,6  милијарди денари за Вториот столб
Таг:полисаштети
Претходен напис Како да се препознае квалитетен расад?
Следен напис Египет бара една милијарда долари компензација за Суецкиот канал
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?