Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Радикализација на протестите на земјоделците во Србија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Радикализација на протестите на земјоделците во Србија
Агровести

Радикализација на протестите на земјоделците во Србија

Објавено 20/11/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Протестите на земјоделците кои бараат подобри услови за земјоделството продолжија во градовите низ Србија, најмногу во Војводина со блокади на патиштата, а за денеска најавија дополнителна радикализација на протестот, јави дописникот на МИА од Белград.

Земјоделците кои од 13 ноември го блокираат влезот на рафинеријата на Нафтената индустрија на Србија (НИС) во Нови Сад, почнаа да го блокираат излезот кон новосадската населба Шангај, а ќе ги блокираат и влезовите и излезите на автопатот.

Земјоделците од Нови Сад, во претходните денови, покрај континуираната блокада на рафинеријата, организираа и протестни возења на блискиот кружен тек на излезот од Нови Сад, што создаде метеж на патот Нови Сад – Зрењанин. Потоа почнаа неколку часа дневно да ги блокираат излезите на автопатот Суботица – Белград.

Продолжија протестите и во Баваниште кај Панчево, блокиран е патот Ковин – Панчево, со блокада на патот со повеќе од 50 трактори, а се пропуштаа само возила за итна помош и автомобили со деца.

Нови блокади започнаа и на излезот од село Банатски Брестовац, а за денеска се планирани блокади и на патниот правец Нови Сад – Бачка Паланка, Кикинда – Зрењанин, Зрењанин – Нови Сад, кај Стара Пазова и на други места до Војводина.

Земјоделците во Србија бараат гориво за аграрот без акцизи, кои изнесуваат повеќе од половина од нејзината цена, субвенции по хектар обработливо земјиште од 300 евра и зголемување на цените на житариците и другите земјоделски култури.

Бараат и цените на земјоделските производи да се формираат по пазарен принцип, без државна интервенција, зголемување на премиите за млеко и стимулации од 340 евра по крава.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на 16 ноември ги окарактеризира протестите на земјоделците како „политички мотивирани“ и рече дека земјоделците во нивните барања бараат работи што „се невозможно да се исполнат“. 

МИА

Може да ви се допадне

Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Таг:земјоделцитепротеститеРадикализацијаСрбија
Претходен напис Објавен повик за купување на земјоделско земјиште во државна сопственост под оранжерии и помошни објекти во функција на оранжериите
Следен напис Казино Пинко 2026 лучшие азартные игры и бонусы
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?