Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Објавен повик за купување на земјоделско земјиште во државна сопственост под оранжерии и помошни објекти во функција на оранжериите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Објавен повик за купување на земјоделско земјиште во државна сопственост под оранжерии и помошни објекти во функција на оранжериите
Агровести

Објавен повик за купување на земјоделско земјиште во државна сопственост под оранжерии и помошни објекти во функција на оранжериите

Објавено 20/11/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство распиша јавен повик е доставување на понуди за интерес за купување на земјоделско земјиште во државна сопственост определено како технолошка целина на оранжеријата евидентирано во катастарот на недвижности како нива под оранжерии, нива под помошни објекти, нива под објекти за примарна обработка на земјоделски производи и земјиште меѓу објекти со мери и граници определени со геодетски елаборат и на земјиште во државна сопственост определено како технолошка целина на стопански двор евидентирано во катастарот на недвижности како нива под помошни објекти, нива под објекти за примарна обработка на земјоделски производи и земјиште меѓу објекти со мери и граници определени со геодетски елаборат.

КОЈ МОЖЕ ДА УЧЕСВУВА НА ПОВИКОТ

Право на учество на јавниот повик има физички лица и правни лица кои во катастарот на недвижности се запишани како сопственици на оранжеријата и помошните објекти во функција на оранжеријата, односно на објектите во стопанскиот двор.

На јавниот повик не може да се дава заедничка понуда од повеќе физички лица и правни лица и истата ќе се смета за неважечка.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Учесниците на јавниот повик за доставување на понуди за интерес за купување на земјоделско земјиште во државна сопственост под оранжерија и помошните објекти во функција на оранжеријата, односно на објектите во стопанскиот двор се должни да ја достават следната документација:

-доказ за стекнато право на сопственост со оранжерии и помошни објекти во функција на оранжеријата, односно со објектите во стопанскиот двор,

-имотен лист за запишано право на сопственост на оранжериите и помошните објекти во функција на оранжеријата, односно на објектите во стопанскиот двор,

-тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија за правни лица или копија од лична карта за физички лица,

-геодетски елаборат за геодетски работи за посебни намени за нумерички подтоци за купување на земјоделско земјиште во државна сопственост под оранжерија, помошни објекти во функција на оранжеријата, односно на објектите во стопанскиот двор,

-имотен лист за земјоделското земјиште за кое се доставува понудата за интерес за купување,

-процена на пазарна вредност на земјоделското земјиште предмет на понудата изготвена согласно со Методологијата за процена на пазарната вредност на земјоделското земјиште во државна сопственост под оранжерии и објекти кои се во функција на земјоделското производство („Службен весник на Република Македонија“ бр.16/18), изготвена од Министерство за правда – Биро за судски вештачења,

-изјава нотарски заверена за начинот на плаќање на купопродажната цена и

-изјава нотарски заверена дека земјоделското земјиште во државна сопственост предмет на понудата ќе го користи за земјоделско производство без промена на неговата намена и промена на функционалноста на целината во период најмалку од 30 години сметано од денот на склучувањето на договор за продажба.

2.Потребната документација се доставува во оргинал или фотокопија заверена на нотар.

РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРИЈАВИ

Рокот за поднесување на понуди за интерес за купување на земјоделско земјиште во државна сопственост под оранжерија и помошни објекти во функција на оранжеријата, односно на објектите во стопанскиот двор е во времетраење од 60 дена сметано од денот на објавувањето на јавниот повик во дневните весници, а се доставуваат до писарницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Скопје.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:државна сопственостземјоделско земјиштекупување .објектиоранжерии
Претходен напис „Македонски семејни винарии“: На саемот во Белград освоивме 11 златни, 28 сребрени и 25 бронзени медали 
Следен напис Радикализација на протестите на земјоделците во Србија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?